01 Мај, 2024
0.0495

Владата не му ја мисли за пушењето

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2017

Добивај вести на Viber

Владата се очекуваше на вчерашната седница да донесе некакво мислење за предложените измени на законот за пушењето, но наместо да даде некакви идеи или сугестии за негово подобрување или одземање на некои делови кои не се добро прифатени засега од јавноста реши да не презде ништо.

Поточно Владата нема мислење за измените за законот за пушење кој како што беше предложен од страна на група пратеници се враќа во Собранието. 

Предложените измени тогаш кренаа лавина реакции во јавноста, некои позитивно регираа велејќи дека сегашниот закон е премногу рестриктивен и потребно е дозвола да се пуши во заградените тераси без оглед на климатските услови и сезоната, додека пак други тврдат дека законот треба да биде уште построг и да се забрани пушење во сите угостителски објекти. 

Главната идеја на првичните предлог измени на закон за заштита од пушењето во скратена постапка беше влошената состојба на угостителите со рестриктивните мерки, 

„Се забранува пушењето во јавните простории од членот 2 на овој закон. Пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично), исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои нема никакви прегради (стакло, фолии, пластифицирани или 11 најлонски прегради и слично) или на отворен простор кој не е покриен со тенди, чадори и слично, а кој странично е заграден (дискоклубови на отворен простор, тераси, летни бавчи и слично)“ стоеше во предлог измените. 

Со предлогот повеќе се регулира пушењето во терасите, односно не се предвидува враќање на дозвола за пушење внатре во објектите, па тука нема никаква измена иако многу граѓани се надеваа дека новата влада ќе изврши ублажување на законот. 


Можеби ќе ве интересира

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Повторно телефонски измами во Охрид

Повторно телефонски измами во Охрид

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Апасиев од Охрид: Македонска платформа, за да запрат уцените од балистите

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Починатата девојка во Штип била ќерка на жената која уби и запали маж во Кавадарци

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Еден од најпознатите македонски специјалисти на митинг на ВМРО-ДПМНЕ