02 Мај, 2024
0.0304

Владата само ги префрли парите на НЕР, ништо друго не е „мрднато“ за ГА-МА

Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

На својата вчерашна прес конференција, зборувајќи за реализацијата на буџетот за минатата година, министерката за финансии, Нина Ангеловска, набројувајќи која институција колку ги остварила капиталните инвестиции во својот ресор, потенцираше дека кај Владата реализацијата е 2,9 милијарди денари, или 99 отсто, што се должи на трансакцијата за откуп на акциите од „Макпетрол“ за ГА-МА.

„Владата реализирала 2,9 милијарди денари, или има 99 отсто реализација, а тоа се должи на она што ви е веќе познато – трансакцијата за откуп на акциите од „Макпетрол“ за ГА-МА, како и за инверторите“, рече министерката.

На пресот не беа обелоденети повеќе детали.

Но, единственото нешто што од тој случај е завршено, е што само буџетските пари, односно 32 милиони евра што беа предвидени за таа намена, се префрлени од буџетот на НЕР – Национални енергетски ресурси, компанија која е во државна сопстеност.  

Според нашите сознанија, ништо друго околу оваа зделка не е мрднато од мртва точка. Како што велат нашите извори, ниту една од постапките што требаше да се заврши, не е завршена од страна на Владата.

А она што требаше да се направи, е „Макпетрол“ и Владата да склучат спогодба со која вонсудски би се завршиле судските спорови во врска со ГА-МА.

Како што е познато, двете страни, односно „Макпетрол“ и Владата претходно побараа медијација во Центарот за решеавање на спорови на Енергетската заедница, а нивна цел беше конечно, законско и правично регулирање на сопственичките односи во ГА-МА, во согласност со законот за енергетика и третиот енергетски пакет кој е вклучен во Законот.

Но, како што дознава Фактор, од страна на Владата, не се почнати ниту постапките во однос на медијацијата како што било планирано, додека „Макпетрол“ ги има донесено сите поединечни акти за потпишување на Спогодбата, што и компанијата го има објавено во своето последно соопштение до Берзата.

„Макпетрол“ АД Скопје и Владата на Република Северна Македонија, заради конечно, законито и правично регулирање на своите сопственички односи во „ГА-МА“ АД Скопје, во согласност со Законот за енергетика и со Третиот енергетски пакет, кој е инкорпориран во Законот, побараа Медијација во Центарот за решавање на спорови на Енергетската заедница“, објави нафтената компанија „Макпетрол“ во своето последно соопштение до Берзата.

А воопшто, пак, ништо не е направено и од сите други процедури што требаше да следуваат, за зделката да биде завршена.

„Макпетрол“ и Владата требаше да донесат и соодветни правни акти за официјално потпишување на Спогодбата. Додека не завршат сите процедури и секоја од страните не го испочитува договорот, продажбата нема да се реализира.

Со оглед, пак, што од денеска Владата веќе нема да биде регуларна, туку ќе функционира техничката Влада, се поставува прашањето дали и кога ќе се почнат, а потоа и ќе се завршат сите други неопходни работи, за овој случај конечно, по долги години, да добие разрешница.

Сосема е тешко да се очекува дека тоа би можело да се случи пред изборите закажани на 12 април. Затоа, стравувањата се дека овој случај би можел да се развлекува дури за после изборите, што би создало дополнителна неизвесност околу решавањето на овој долгогодишен проблем.  

Во септември годинава Владата објави дека планира да ги скрати капиталните расходи и да вложи во докуп на сите акции на ГА-МА, кои во моментов ги поседува „Макпетрол“.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка