02 Мај, 2024
0.0271

ВЛАДИНИОТ КАБИНЕТ РЕКОНСТРУИРАН: Ова се новите министри и заменици министри

Објавено во: Македонија 02 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Најавената владина реконструкција со која се очекуваа смени на министри во неколку клучни ресори го помина собранискиот филтер.

Собранието даде зелено светло за четворица министри и четворица нови заменици-министри. 

Со министерството за правда ќе управува Рената Дескоска која доаѓа од образование, на кое столче пак седнува Арбр Адеми.

Во култура на местото на Алаѓозовски ќе се смести  Асаф Адеми додека Бардил Даути е избран за министер без ресор.

 Дескоска беше избрана со 67 гласа „за“ и 23 „против“, Арбр Адеми со 67 „за“ и 25 „против“, Асаф Адеми со 66 „за“ и 23 „против“, а Даути со 65 „за“, 26 „против“ и еден „воздржан“, a по изборот дадоа свечена изјава. 

Новини има и во заменичките министерски места, согласно проширувањето на мнозинството.

За заменик-министер за надворешни работи е избран Андреј Жерновски.

Асим Муса ќе биде заменик министер за здравство додека Ѓонул Бајрактар ќе и биде заменик на Мила Царовска во министерството за труд и социјална политика.

За заменик министер во транспорт и врски влегува Садик Беќири.

Пред да бидат избрани, премиерот кажа дека предложените кандидати совесно и со најголема посветеност и одговорност ќе ги извршуваат своите работни обврски и согласно Законот и определбите на Владата на Република Македонија за остварување на програмските определби на Владата и стратешките интереси на Република Македонија и исклучиво во интерес на граѓаните.

Крилото на Беса на Африм Гаши и ДПА и Сојузот на Ромите влегуваат во владата на Заев како нови коалициски партнери. 

Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка