12 Мај, 2024
0.0275

Владиниот национален координатор Пивоваров стравува од огромен наплив на бегалци во Македонија

Објавено во: Македонија 29 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување избран од Владата, стравува дека Турција веќе пропушта огромен бран на бегалци низ балканската рута и дека истите може да предизвикаат економски, здравствени и безбедносни проблеми за Македонија.

- Знаеме дека земјите во кои беа главните кампови можеа да ги искористат емигрантите за политичко влијание. Се случи тоа од што сите стравувавме и Турција ги пушти бегалците како илегални емигранти во Европа. Опасноста е во тоа што може да станува збор за силен наплив од милиони бегалци. Тука се и трговците кои прават нови рути, а нас не засегнува онаа балканската рута, вели Пивоваров во вестите на Канал 5.

Тој сепак смирува дека институциите веќе се подготвени и искоординирани, но сепак без помош соодветна помош од ЕУ работите ќе одат тешко за земјата, особено со најавите за строго контролирање на српско-унгарската граница.

- Центарот за управување со кризи има работен тим за можен наплив во голема бројка. Ќе биде многу тешка ситуацијата. Многу тешко е да се спречи голем број на бегалци одеднаш на самата граница. Но ние сме подготвени да покажеме дека сме дел од Европа и дека можеме да бидеме ефикасни. Информациите се дека на унгарско-српската граница им целосно воено-полициско присуство и во таква ситуација голема е можноста таквите лица да останат во земјите низ кои само имаат намера да транзитиораат. Безнедносно, здравствено и економски може да претставува сериозен проблем за нас. Се надевам на голема помош од ЕУ, објасни владиниот функционер.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ ИМУНИТЕТ МОЖЕ ДА ГО ОДЗЕМЕ САМО УСТАВЕН СУД - еве какви обврски ќе има

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

ДЕНЕС ГО ПРЕЗЕМА ПРЕТСЕДАТЕЛСКО „СТОЛЧЕ“ : Сиљановска Давкова ја има задачата да им даде доверба на победниците на парламентарните избори

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

„ШО БИ РЕКОЛ ТАЧЕ: КОМУНИСТИЧКА РАБОТА, ЗАОСТАНАТА“ - Апасиев со посебна посвета на поранешниот премиер

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

ОД СРЕДИНАТА НА СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ДОАЃА ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Се очекуваат температури и до 35 степени

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

„ЗА КРИМИНАЛНИ ДОГОВОРИ И ЗДЕЛКИ СЕ РАЗГОВАРА ТАЈНО“: професорката Најчевска распали по средбата меѓу ВМРО и Вреди

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите