08 Мај, 2024
0.0260

ВМРО-ДПМНЕ е автор на кризите, насилството, и меѓуетничките поделби- обвини СДСМ

Објавено во: Македонија 19 Март, 2018

Добивај вести на Viber

СДМС со соопштение до јавноста остро реагираат на прес конференцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е автор и симбол на кризите, насилството, конфликтите и меѓуетничките поделби, политики коишто се единственото наследство што таа партија им го остави на граѓаните и општеството.

„Граѓаните се поголеми и посилни од поделбите. Македонија веќе расчисти со поделбите на ВМРО-ДПМНЕ и затоа опозициската партија мора да престане да предизвикува насилство и да се откаже од организирање протести  кои шират говор на омраза кон поддржувачите на концептот едно општество, односно кон мнозинството граѓани во Македонија.

Во продолжение на соопштението се вели дека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ зад себе остави заробена и уништена држава, а она што партијата на Христијан Мицкоски го уништи во 11 години владеење, Владата предводена од СДСМ секојдневно го санира овие 10 месеци.

„Тоа го покажуваат и економските параметри коишто ги гледаат сите освен ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Зголемената минимална плата, решавањето на статусот на стечајците, подобрениот кредитен рејтинг, растот на индустриското производство, намалување на невработеноста се само дел од економските показатели коишто ги потврдуваат успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ“,  велат од СДСМ

Тие додаваат дека Христијан Мицкоски треба да отиде во секој град и секое село,  да тропне на секоја врата, да ги види штетите од 11 годишното криминално владеење на неговата партија и да му се извини на секое семејство за пустошот што го направија. 

„Мицковски должи извинување за 11 години притисоци и закани кон граѓаните, за украдените избори и за украдените пари од граѓаните. Се додека ВМРО-ДПМНЕ вистински не се реформира и не ги отфрли политиките на поделби и конфликти, освен деструктивна, не може да биде демократска алтернатива. Затоа и никакви најавени совети и вклучувања на експерти нема да и помогнат на ВМРО-ДПМНЕ ако опозициската партија не се откаже од деструкцијата.
ВМРО-ДПМНЕ треба да престане со обидите да го кочи развојот на Македонија и да преземе одговорност, да се демократизира и да прифати дека во Македонија живеат граѓани од различни заедници и дека сите граѓани се за едно општество, за демократија и напредок“, стои во реакцијата на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ДАШТЕВСКИ: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ТОШКОВСКИ: Во текот на вчерашниот ден имаше незаконски дејствија

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

ДИК: На претседателските најголема излезност во Пробиштип, а најмала во Боговиње

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Граѓаните можат да пријават повреда на избирачкото право на бесплатна телефонска линија и лично

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ПОМИНА ВЕЛИГДЕН: Уште колку дена имаме фора за да ги изедеме вапцаните јајца?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВТОР КРУГ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ: Колку гласови се потребни за победа?

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Mожaт да гласаат оние со лични документи чија важност завршила пред 9 месеци

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците