10 Мај, 2024
0.0320

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија десет месеци тоне во корупција

Објавено во: Македонија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во новото соопштение до јавноста на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, се вели дека десет месеци Македонија тоне во корупција, а јавноста е сведок на селективната правда што ја спроведува СДСМ и институциите под нивна контрола. Судовите, јавното обвинителство и СЈО работат како продолжена рака на Зоран Заев. Правда, Устав и закони не постојат.

„Веќе никој не верува во правдата која потклекна под партиските наредби  на СДСМ. Откако е СДСМ на власт, криминалот на функционерите на СДСМ се покрива и прикрива. Јавното обвинителство молчи и не кажува до каде е постапката против двајцата функционери од Владата за кои Заев рече дека има сомнеж за корупција. Постапка за набавка на 40 возила за МВР преку кумановската фирма донатор на СДСМ, нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Опозицијата додава дека постапки против изборниот криминал и заканите врз гласачите во текот на последните локални избори, нема.

„Постапка против министерот за внатрешни работи за незаконско апсење на пратеници без да биде симнат имунитетот, нема. Од друга страна луѓето кои го кренаа гласот против лудилото на СДСМ се најдоа во македонските затвори, само затоа што безрезервно си ја сакаат својата држава. Патриотите кои предупредуваа какви погубни политики ќе се спроведат во Македонија се во притвор само поради тоа што се спротивставија на антидржавните политики на Заев. СДСМ го користи притворот како казна за сите неистомисленици и политички непријатели на Заев,“ додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Секој ден кои овие храбри луѓе го поминуваат во притвор како политички затвореници, за Македонија значи оддалечување на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Секој ден поминат во притвор е само одмазда со која што Заев сака да ја замолкне јавноста и медиумите за да не прашуваат какви предлози доставил до Атина, со кого се консултирал и во чие име ги доставил“,  стои во соопштението.


Можеби ќе ве интересира

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме улумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

„СЕ ГЛЕДАМЕ ВО НОВИОТ СОБРАНИСКИ СОСТАВ“: Да ги преброиме улумите, да ги израмниме есапите, порача Апасиев

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

ПО ИЗБОРИТЕ СЕ ОГЛАСИ И АХМЕТИ: Ќе продолжиме да бидеме штитот од штетното руско влијание

ПО ИЗБОРИТЕ СЕ ОГЛАСИ И АХМЕТИ: Ќе продолжиме да бидеме штитот од штетното руско влијание

ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО НИЗАТА: И Лукаревска заминува од подпретседателското место во СДСМ

ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО НИЗАТА: И Лукаревска заминува од подпретседателското место во СДСМ

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА: Која иднина ја нудат пратениците од оваа партија?

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА: Која иднина ја нудат пратениците од оваа партија?

ЕВЕ КАКВИ ОБЛАЦИ НАДВИСНАА ВЧЕРА НАД СКОПЈЕ: Некаде имаше град, некаде пороен дожд и силни електрични празнења

ЕВЕ КАКВИ ОБЛАЦИ НАДВИСНАА ВЧЕРА НАД СКОПЈЕ: Некаде имаше град, некаде пороен дожд и силни електрични празнења

„ГОСПОДА МАЖИ, ДРЖЕТЕ СЕ, СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ НА ДЕЛО ШТО Е ЖЕНСКА СИЛА“: Малеска вели, оти претседателката најавила дека ќе се опкружи со жени слични на неа

„ГОСПОДА МАЖИ, ДРЖЕТЕ СЕ, СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ НА ДЕЛО ШТО Е ЖЕНСКА СИЛА“: Малеска вели, оти претседателката најавила дека ќе се опкружи со жени слични на неа

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Има одрон на патот

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Има одрон на патот