02 Мај, 2024
0.0268

ВМРО ДПМНЕ НОСИ ОДЛУКА: Кој кандидат ќе го изберат за претседателската трка?

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Во Струга опозицијата избира меѓу девет кандидати за претседател на претстојните избори.

Пред скоро еден час почна гласањето а делегатите ќе треба да се одлучат меѓу двајцата големи фаворити Влатко Ѓорчев и професорката Силјановска, додека останатите седуумина кои се најдоа на листата се Илија Димовски, Никита Шекутовски, Филип Петровски, Горан Ангелов, Сашо Култешовски, Васко Костов и Ѓорѓи Манасков.


Опозицијата ќе мора да одлучи кој за нив би бил идеален како кандидат за претседател, кој може да освои поголем број на гласови, како во самата десница, така и меѓу неопределените гласачи, меѓу гласачите кои даваат доверба според заслуги, како и од гласовите на етничките заедници во Македонија, особено кој ќе биде поспособен и поприфатлив за електоратот на Албанците. 

За победа на претседателски избори, особено ако има втор круг покрај исполнување на високиот цензус, потребна е и поддршка од албанското гласачко тело кое се покажа како решавачко во последните избори за претседател. Ќе успее ли ВМРО-ДПМНЕ, со овие понудени кандидати да освои гласови на етничките Албанци и да најде соодветен коалициски партнер кој би бил пресуден напролет ќе дознаеме вечерва откако ќе заврши Конвенцијата.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање