02 Мај, 2024
1.7993

ВМРО-ДПМНЕ по апсењето на Јакимовски: Секој може да биде мета доколку го посочува криминалот на Заев

Објавено во: Македонија 08 Август, 2018

Добивај вести на Viber

СДСМ ја претвори Република Македонија во дувло на криминалот и корупцијата. Граѓаните секојдневно се сведоци на најбрутален грабеж и злоупотреби на државните ресурси за задоволување на хедонистичките потреби на власта. Секојдневно се сведоци на наместени тендери, иновативен криминал тежок десетици милиони евра и распродажба на највисоките државни интереси.

Граѓаните сето ова го гледаат и го чувствуваат. Затоа Зоран Заев и криминалниот картел на власт се во паника. Затоа продолжуваат уште пожестоко политички да ги злоупотребуваат институциите во обид да дефокусираат од секојдневните скандали и да го заплашат народот и секој што не се согласува со нивната антидржавна и расипничка политика.

Република Македонија е единствена држава во Европа каде што се апсат и притвораат пратеници на опозицијата, без никаква основа, спротивно на Уставот и законите.

Малку им беше и тоа, па сега тргнаа да апсат и лидери на парламентарните партии.

Вчерашното приведување на лидерот на политичката партија ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски не е ништо друго, освен одмазда кон политичките неистомисленици и обид за прикривање на актуелните скандали во кои се живи фатени.

Приведувањето на лидерот на ГРОМ, господинот Стевче Јакимовски е политичка конструкција со која што Зоран Заев сака да испрати порака дека органите на прогонот се негови инструменти и дека без разлика на доказите и правдата, секој може да биде мета на политички прогон, доколку јавно се осудил да го посочува криминалот на Заев и кликата околу него.

Јакимовски не се плашеше да обелодени дека Зоран Заев на ливче му побарал 250.000 евра. Јакимовски не се плашеше јавно да говори за заканите кои СДСМ му ги упатуваше откако одлучи да се кандидира за градоначалник надвор од партијата на Заев.

За жал во Македонија нема независно обвинителство и судство. Наместо истрага за криминалите на Заев, гледаме политички спектакли и приведувања.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува злоупотребата на државните институции за пресметка со политичките неистомисленици.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитуваат законите и европските стандарди и да запрат политички монтираните случаи.

Сите оние кои се ставиле на страна на криминалниот картел во власта и слепо извршуваат политички наредби, имаат и своја индивидуална одговорност. Нивните постапки ќе бидат детално испитани откако Зоран Заев ќе замине од власт. Откако ќе се врати правната држава ќе има одговорност за сите оние кои постапувале надвор од овластувањата и спротивно на законот.

Зоран Заев, СДСМ и нивните извршители треба да знаат дека ваквото нивно дивеење е знак на слабост и нема да може да го заплашат народот, ниту пак да ги замолкнат граѓаните кои се погласно се спротивставуваат на нивните антидржавни политики.

Ова не е демократија и ова не се стандарди кои не водат кон Европската Унија. Ова е обид на една криминогена структура да владее со страв.


Можеби ќе ве интересира

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

„НЕКА НЕЗАОДНАТА СВЕТЛИНА ОД ПРАЗНИКОТ НА ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ - ВЕЛИГДЕН, НИ БИДЕ НЕРАСКИНЛИВА НИШКА ШТО ЌЕ НЕ ПОВРЗЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ“: Велигденска порака на г.г. Стефан

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

СЕ ТРАГЕШЕ ПО ИЗГУБЕНО ЛИЦЕ НА ВОДНО: првомајската прошетка низ парк шумата за некого заврши проблематично

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар