02 Мај, 2024
0.0288

ВМРО-ДПМНЕ сака влез во ЕУ и во НАТО, но не го прифаќа договорот со Грција

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

СДСМ предреферендумски ги манипулира граѓаните исто како што ги излажа пред изборите. Билбордите низ државата кои ветуваат бесплатно здравство кога ќе влеземе во ЕУ се лага. Во ЕУ здравството не е бесплатно, ЕУ не е комунистичка творевина, туку економски сојуз на држави каде се си има своја цена, соопштуваат од опозицијата утринава.

Од партијата на Христијан Мицкоски обвинуваат дека СДСМ лаже и ја злоупотребува ЕУ.

„Владата на Заев ја понижи Република Македонија и ги урна преговарачките позиции кои беа градени со години од сите влади од независноста до денес. Погазено е и меѓународното право и Хашката пресуда во корист на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е за влез во ЕУ и НАТО, но не и за овој договор, кој не можеме да го прифатиме.

Овој договор предизвикува само обврски и прави штета на Република Македонија и затоа ВМРО-ДПМНЕ неможе да го прифати.

Прашањето за промена на името не е прашање кое може да го реши било кој политичар, тоа е прашање за кое може да одлучи единствено народот, токму затоа на слободната волја на народот е како тој ќе се постави во однос на ова прашање.

СДСМ треба да престане да манипулира и да ги злоупотребува евроатлантските институции за да го турка нејзиното срамно капитулантско дело.

За целиот овој хаос што и го приреди СДСМ мора да сносат и одговорност. Одговорност ќе има“, се додава во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање