01 Мај, 2024
0.0285

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да се занимава со интриги, шпекулации и деструкција

Објавено во: Македонија 27 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие континуирано создаваат и придонесуваат во интерес на сите граѓани, додека според нив, СДСМ продолжува да се занимава со интриги, шпекулации и деструкција.

ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период работи на реализација на низа капитални инвестици и проекти, а СДС единствено што смисли и најави е блокада на отпочнатите проекти, додаваат од партијата. 

„Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе години голем акцент стави на здравството и здравствената заштита на граѓаните, инвестирајќи во нови медицински објекти, апарати и обучување на кадарот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ по иницијатива на Претседателот Никола Груевски го изгради ПЕТ центарот – центар за рана дијагностика и лекување на малигни заболувања кој од вчера официјално почна со работа со пациенти, ова инвестиција е вредна 16 милиони евра и претставува единствен таков објект на потегот помеѓу Виена и Атина. Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради голем број на нови објекти за потребите на јавните и државните институции и со тоа спречи милионски одливи од државната каса на име закупнина за објекти и деловен простор. Деновиве привршува изградбата на новата зграда на АД ЕЛЕМ, каде ќе бидат сместени дополнителни шест регулаторни тела на простор од 10.000 м2, со 8 надземни и 3 подземни ката, со што овие институции ќе добијат нормални услови за функционирање и работа. Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од Тиранската Платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза“ - стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

Велат дека граѓаните знаат што е подобро за нив и за нивната иднина, затоа и ВМРО-ДПМНЕ победи на последните избори, а СДС по 11-ти пат загуби. Бараат СДС наместо да се служи со измами, во најбрз можен рок да овозможи редовни локални и предвремени парламентарни избори, на кои ќе го слушнат гласот на граѓаните и нивниот одговор за целата деструкција. 

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски

Петровска: Тошковски вооружени лица да пријавува во институциите, а не кај Мицкоски