02 Мај, 2024
0.0271

ВМРО-ДПМНЕ утре го бира претседателскиот кандидат

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, утре на конвенција ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере претседателскиот кандидат. Конвенцијата, но и претстојната кампања за претседателските избори ќе биде под слоганот „За честита Македонија“, додаваат од партијата.

„Овој слоган значи дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде честит човек, спротивност на погубните политики кои ги води власта, како што се промената на Уставот, корупцијата, криминалот и немањето никакви резултатите на економски план“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

На конвенцијата право на глас ќе имаат 551 делегат. За да се избере кандидатот на партијата во првиот круг тој треба да освои 1/3 од гласовите на делегатите, односно за него да гласаат најмалку 184 партиски членови.

Во трката за претседателски кандидат се Никита Шекутковски – професор, Ѓорѓи Манасков – претседател на Стопанска комора за енергетика, Васко Костов – фармацевт, Влатко Ѓорчев – пратеник, Гордана Силјановска – професор, Илија Димовски – професор во пензија, Филип Петровски – ексдиректор на Архив, Горан Ангелов – директор на „Дрисла“ и Сашо Кутлешовски – професор.

Претседателски кандидат може да предложат 30 пратеници или 10 илјади граѓани. Собирањето потписи почнува на 23 февруари. Оние што ќе исполнат еден од овие два услова, треба да достават кандидатура до ДИК најдоцна до 21 март и да се подготват за изборна кампања што ќе трае од 1 до 19 април.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање