02 Мај, 2024
0.0305

ВМРО-НП: Загрижени сме поради објаснувањата кои доаѓаат од Бугарија за ветото

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

За ветото од Бугарија со реакција се јавија од ВМРО-Народна партија на Љубчо Георгиевски. 

Од ВМРО-Народна се загрижени поради објаснувањата кои доаѓаат од соседна Бугарија, со цел да се оправда, како што велат од партијата, катастрофалниот чекор со ставањето вето на европската перспектива на Македонија.

„Во серијата ирационални објаснувања, пристигна најновото објаснување на бугарското МНР дека со зелено светлно за македонска интеграција во ЕУ ќе се направило предавство кон оние 88.450 граѓани на Македонија кои имаат и бугарско државјанство“, стои во партиското соопштение.

Меѓутоа ВМРО-Народна, која се декларира како партија која во своите редови има голем број на членови кои покрај тоа што поседуваат бугарско државјанство, се изјаснуваат и како македонски Бугари, сметаат дека фактите го зборуваат токму спротивното.

„Додека трае овој спор ниту еден македонски граѓанин што поседува бугарски пасош, се декларира за македонски Бугарин или пак едноставно декларирал пријателство кон Бугарија, нема кажано никаков позитивен збор за бугарското вето, напротив сите тие се чувствуваат загрозени дека оваа кратковида политика која што доаѓа од Бугарија ја загрозува иднината на нивните семејства и нивните блиски“, стои во партиското соопштение.

Соседна Бугарија нема да ја тргне блокадата за Македонија. 

„Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓе“, наведуваат од бугарското МНР. 

Бугарија нема да ја промени својата позиција кон Македонија во следните месеци, велат од бугарското МНР за „Труд.бг“.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање