02 Мај, 2024
0.0272

Внукот на Јосип Броз Тито ќе оди в затвор

Објавено во: Балкан 08 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Осум месеци затвор доби внукот на поранешниот доживотен претседател на Југославија Јосип Броз Тито, Едвард Броз (70). 

Тој е осуден на осум месеци затвор за сообраќајна несреќа од 1992 година во Земун во која загина неговиот пријател Г.П. Пресудата ја донесе Вишиот суд во Белград и изречена е во негово отсуство, бидејќи е во бегство од 2008 година и наводно живее во Загреб. Тој е осуден за кривично дело „тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај“, е речено во Вишиот суд во Белград, пренесува агенцијата „Танјуг“. Седницата на Апелацискиот суд по жалвите на првостепената пресуда е закажана за четврток, 11 март. Едвард Броз веднаш по несреќата пребегал во Хрватска, но 16 години подоцна, во 2008 година, е уапсен на граничниот премин Батровци при обид за влез во Србија. По три дена во притвор, беше пуштен да се брани од слобода, меѓутоа му беше одземен пасошот и му беше наложено секои 15 дена да се јавува во полиција. Кон крајот на март во 2008 година, тој се појави на судење во Вишиот суд во Белград, при што изнесе одбрана и каење за смртта на пријателот, но повторно побегна. Поточно, не се појави на закажаните рочишта во мај, во јуни и во септември во 2008 година, па судот во октомври истата година распиша меѓународна потерница.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“