Во градоначалничката фотелја на Рим за прв пат седна жена
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2016
Италијанската престолнина, Рим ја доби својата прва градоначалничка Вирџинија Раџи, новодојденка што се бори против естаблишментот, од популистичката протестна партија Движењето на петте ѕвезди.
Оваа адвокатка на возраст од 37 години, победи затоа што отворено прозборе против корупцијата и разорените јавни служби во италијанскиот главен град, поразувајќи го Роберт Џакети од Демократската партија на премиерот Матео Ренци.
Таа успеа за само неколку месеци од предизборната кампања да излезе од анонимноста и да стане едно од најпознатите лица на италијанската политичка сцена.
Во првиот круг дови 35,2%од гласовите, оставајќи го зад себе кандидатот на партијата на Ренци благодарение на кампањата во која се залагаше за укинување на привилегиите на функционерите и за борба против корупцијата.
Победата на оваа фотогенична бринета претставува голем удар за премиерот Ренци, истакнуваат аналитичарите.
Демократската партија на Ренци во првиот круг на локалните избори, на кои се избираат градоначалници на поголемите италијански градови, претрпе неуспех.
Меѓу 126-те града, во кои се одржуваше вториот круг на изборите, затоа што ниту еден кандидат во првиот круг не ги освои потребните 50% од гласовите, се четирите најголеми градови во Италија.