Во кои земји најмногу, а каде најмалку бегалците бараат азил?
Објавено во: Свет 16 Јуни, 2016
Нешто повеќе од 1 милион барања за азил во ЕУ очекуваат решение.
Приливот на бегалци кон Европа почнува да опаѓа, соопштија од ЕК. За првиот квартал од оваа година 287 100 лица поднеле барање за азил во ЕУ и тоа е пад за 33% во однос на податоците за последните три месеци од минатата година, покажуваат податоците на Евростат, претставени од Европската комисија.
Една третина биле Сиријци, а останатите биле главно државјани на Ирак и Авганистан, пренесоа агенциите. Барателите на азил поднесуваат барања најчесто во Германија (61% од молбите), на второ место се Италија (8%), Франција (6%), Австрија (5 %) и Велика Британија (4%). Распределени по држави, падот на бројот на моблите е видлив во Шведска (-91%), Финска (-85 %), Данска (-74%), Холандија (-72 %), Белгија (-70%), Луксембург (-59%) и Австрија (-55 %).