29 Април, 2024
0.0247

Во оваа фирма повеќе не требаат дипломи за да се добие работа

Објавено во: Стил 22 Септември, 2015

Добивај вести на Viber

Ernst&Young повеќе не бара дипломи од кандидатите за работа, велат дека нема докази дека добрите студенти се поспособни.

Еден од најголемите британски работодавачи по бројот на вработени факултетски образовани кадри, консултантската компанија Ernst&Young, најави дека повеќе нема да бара стручна подготовка во молбите за работа, бидејќи, како велат, нема докази дека успехот на факултет е поврзан со кариерите на подоцнежните фази во животот.

Различните нивоа на оценки од студиите ќе ги заменат со „отворени можности за талентирани поединци без разлика откаде доаѓаат“.

Новите вработени ќе се избираат според посебен систем во кој обилно ќе се користи интернет. И понатаму ќе ги земаат предвид академските квалификации но тие повеќе нема да бидат бариера за брилјантни млади луѓе кои ги немаат, ги цитира Хафинтон пост претставниците на компанијата.

Сметаат дека селекцијата на кандидати според дипломи, нивоа и ценки е застарена.

Ernst&Young годишно отвара 200 работни позиции за кандидати со диплома. Новите правила ќе почнат да се применуваат од 2016 г.

Нешто слично неодамна направи и PricewaterhouseCoopers (PwC) во САД, бидејќи како велат, не сакаат да им избегаат талентираните кандидати који поради нискиот имотен статус не биле во можност да го завршат нивото на студии кои претходно ги барале.

Работодавачите сакаат да ја балансираат состојбата која создава социјална нееднаквост.

Истражувањата покажуваат дека децата од богатите семејства 35 одсто почесто завршуваат на повисоко платени работи од сиромашните, дури и ако не се талентирани студенти.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти