Во Србија разбија криминална група за шверц на оружје
Објавено во: Балкан 16 Ноември, 2016
Српската полиција уапси десет лица, осомничени за шверц на оружје и конфискуваа огромно количество оружје, вклучувајќи автомати и рачни гранати.
Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ изјави дека апсењата се извршени во северниот дел на земјата. Тој додаде дека истрагата продолжува, за да се утврди дали оружјето требало да биде продадено и каде.
Стефановиќ изјави дека имало експлозиви, повеќе од сто рачни гранати, противтенковски мини, две рачни ракетни лансери, митралез, автоматски и полуавтоматски пушки, како и муниција.
Шверцот на оружје зема замав на Балканот по војните од 90-тите години на дваесеттиот век, кога многу оружје е напуштено, а потоа илегално продадено. Дел од оружјето што се користеше за време на минатогодишните терористички напади во Париз, е изработено на Балканот.