ВО ВРЕМЕ НА МАТУРА: Алжир ги блокира социјалните мрежи
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2016
Оваа мерка е за да се спречи препишувањето на матурските испити.
Aлжирските власти привремено го блокираа пристапот до Facebook, Twitter и други социјални мрежи за да запрат препишување за време на матура, пренесе Ројтерс.
Десетици илјади средношколци вчера ги открија тестовите за матура, откако на социјалните мрежи се појавија прашањата.
Претходно властите уапсија десетици луѓе, вклучувајќи и службеници од националната просвета, кои овозможиле прашањата да се појават на социјалните мрежи.
Ова предизвика голем скандал во земјата. За да не дозволат ново појавување на тестовите, властите го блокираа пристапот до Фејсбук и Твитер од сабота до крајот на испитите на 23 јуни.
Голем број земји во Северна Африка како Мароко и Египет беа исто така погодени од скандали за измами со матурски тестови. Во Мароко беа приведени 6 лица, потсетуваат агенциите.