28 Април, 2024
0.0258

Ворен Бафет: Кога купувате акции, не гледајте ја нивната претстојна цена!

Објавено во: Стил 31 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Оној кој во 1919 година ги купил акциите на компанијата Кока-Кола за само 40 долари денес на сметката би имал 11 милиони долари, често умее да каже американскиот инвеститор Ворен Бафет.

Директорот на „ Berkshire Hathaway“ е можеби еден од најголемите инвеститори на сите времиња. Остраврил неверојатно враќање на своите инвестицски акционери на Berkshire , и така станал еден од најбогатите луѓе на светот.

Тој додава дека тогашните 40 долари денес би вределе 540 долари. Во тоа време купувањето акции на компанијата Кока-Кола била далеку од сигурна инвестиција, како што изгледа од денешна перспектива. Цените на шеќер растеле, Првата светска војна само што завршила, а во најава можеше да се види Голема Депресија. После Втората светска војна дистрибуцијата на шеќер била строго контролирана. Тоа се само некои од фактите кои и многу после тие тешки години создавале сомневање во инвестирањето во Кока-Кола и слични компании.

„Магијата на бизнис светот е во тоа да не можете да знаете што точно ќе се случи, ниту да предвидите кога нешто ќе се случи. Не смеете да се фокусирате на време, туку на содржина. Ако сте сигурни во производот не треба да се грижите кога тоа ќе се случи“, објаснува Бафет и додава дека при купување на акциите никогаш не треба да се гледа колку тие чинеле во изминатите 200 дена. Тоа тврдење е во спротивност со повеќето мислења на експертите, кои своите прогнози ги базираат на период од 200 дена пред саканото купување.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти