Вознемирувачко: И Хрвати се тепале за Гробари на Јужна - Тешки криминални игри
Објавено во: Балкан 14 Декември, 2017
Во големата тепачка која се случи на стадионот на Партизан во Белград учествувале и хрватски државјани, а има шпекулации дека во нападот учествувале и хулигани од Романија, Грција, па дури и Македонија. Наводно фракцијата „Јанг Бојс“ се обидела да изврши „пуч“ на Јужната трибина каде се најбројни навивачите „Гробари“. За таа цел тие најмиле хулигани од соседните земји, меѓу кои и кик боксери и мајстори за мешани боречки вештини.
Според соопштението на „Јужна страна“ нападот бил извршен од страна на домашни предавници и странски платеници, и дека не е вистина тврдењето за палење на знамињата на навивачките фракции „Јанг Бојс“ и „Вандал Бојс“. Клановите се бореле за превласт на трибината и во првите моменти на конфузии од меѓусебната тепачка повеќето навивачи не знаат како да реагираат бидејќи се мислело дека нападот е насочен кон фракцијата „Алкатраз“ која е една од најзлоогласените навивачки групи на гробарите со поддршка за ФК Партизан.
Други теории пак тврдат дека навивачи на Црвена Ѕвезда ги изнајмиле платениците да извршат напад како нов вид на тактика на ултрашко дејствување и понижување на противничката навивачка група.
Потоа се случува целосен пресврт и повеќето навивачи крваво и брутално ги претепуваат уфрлените хулигани. За цело време полицијата чека да се расчисти состојбата, а потоа соголените и изгорените навивачи меѓу кои и петмина хрватски државјани ги приведува.
Во Србија сега има и информации дека зад ова сценарио стојат и странски разузнавачки служби кои сакаат да предизвикаат хаос и политички интриги, како и поместувања во криминалните кругови.