28 Април, 2024
0.0259

РЕМЕК ДЕЛО ОД НАЈСТАРАТА ФИЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА

Вратена во полн сјај Фиестата од 1976

Објавено во: Мои пари 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Вистинско уживање во глетката. Најстарата Форд Фиеста во Македонија го доби својот нов лик, благодарение на македонскиот импортер на Форд- Ми-Да Гранд Моторс, како една необична активност по повод кампањата за четириесет годишнината од постоењето на Фиеста -„Потрага по најстарата Фиеста во Македонија“.

Пред пет месеци во салонот на Ми- Да Гранд Моторс беше презентирана пред јавноста во својата првобитна состојба најстарата Форд Фиеста во Македонија, сопственост на семејството Тодороски од Скопје.

Наследена од дедото и доста години постара од него, најстарата Фиеста со нејзиниот сегашен сопственик ја врзуваат многу убави спомени од детството. Токму затоа Бојан Тодороски од Скопје е пресреќен што возилото и понатаму ќе остане во сопственост на семејството.

„Ќе ми биде чест да ја возам уште најмалку 40 години“ – Бојан Тодороски, сопственик на најстарата Форд Фиеста во Македонија.

Петмесечниот процес на обнова на ова возило било навистина макотрпна работа за целиот тим на Ми- Да Гранд Моторс.

„Реставрацијата на ова возило бараше екстра напор. Не беше лесно бидејќи се работи за модел за кој веќе не се достапни нови делови, но го дадовме максимумот“ – Михаил Терпини, раководител на лимарски сервис.

Целосниот процес за обновување на автомобилот можете да го погледнете на следниов линк:

https://www.youtube.com/watch?v=BhtfvrsY41k

Горди на оваа кампања, Ми- Да Гранд Моторс уште еднаш го потврди еден од главните постулати на кои се темели брендот Форд - „Грижа за сопствениците на Форд возилата“.

„И после 40 години ние се грижиме за сопствениците на возилата коишто сме ги продале. Со оваа активност го одбележавме историското значење на овој модел Фиеста“ – Дритон Заири, генерален менаџер.

Возилото кое го врати својот сјај беше најстариот модел на Форд Фиеста кој е убедливо најпродаван од својата класа во Македонија, но и во Европа. 

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг