10 Мај, 2024
0.0282

Врел костен за Младен Чадиковски, првиот човек на ЗНМ!

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Пред новиот претседател на ЗНМ Младен Чадиковски стојат тешки задачи, обновување на професионалното новинарско ткиво, но и обиди за обединување на раскараните страни. Две од националните телевизии ја дочекаа на „нож“ победата на Чадиковски на вчерашното собрание, поголемиот дел од другите медиуми вклучително и порталите немаат двојби во легитиметот на Чадиковски, но се појавија прашања што треба да бидат одговорени.

Различно толкување, кој е во право?

Засега проблемот е во различното толкување на начинот на избори. Не е спорно дека Чадиковски освои повеќе гласови од Наумов, прашањето е дали имал над 50 % од гласовите на сите што гласале. 

Според Тамара Чаусидис, еден од тројцата членови на изборната комисија победата е чиста како солза. За гласање се пријавиле 169 луѓе, а Чадиковски има 86 гласа или над 51 отсто. 

,,Гласањето почна по 14 часот, а сите регистрирани членови кои беа присутни на изборното собрание беа по име читани и повторно регистрирани дека се присутни за гласање. За Младен глсаа 86, а за Столе 77. Така што како член на комисијата, воопшто немам дилеми дека изборот на претседател на ЗНМ е легитимен. Не сум правник да толкувам правилници, ама како новинар логично знам дека 86 е повеќе од 77. 169 поделено на два е 84, 5. Така што изборот на Младен Чадиковски е легитимен“-вели Чаусидис.

Спротивната страна смета дека требало да се смета бројката од 175 новинари кои се регистрирале. Ако се смета со бројката од 175 на Чадиковски му фалат два гласа. Но, ова објаснување според правната фела не држи, ако се знае дека 6 пријавени новинари си заминале пред гласањето, односно воопшто не се пријавиле за гласање, па точната бројка на присутни е 169, што на Чадиковски му овозможува победа на изборното собрание на ЗНМ.

Зошто никој не го оспори, ниту гласањето, ниту победата на самото собрание?

Не е јасно зошто никој од телевизиите или нивните претставници кои се сега најгласни во обидот за оспорување на победата, не дале никаква примедба ниту забелешка на самото изборно собрание. Напротив, после гласањето, против кандидатот Наумов му честиташе на Чадиковски, што го забележаа и камерите.

Директорот на ЗНМ Драган Секуловски вели дека не треба да постојат дилеми во легитимноста на изборот. 

„На самото Собрание на резултатите немаше ниту еден приговор. Приговор немаше од страна на присутните, ниту по објава на резултатите од гласањето по што истото беше затворено од страна на претседавачот. Ако има било какви дилеми околу легитимноста околу примената на статутот сакам да укажам дека автентично толкување на одредбите на Статут на ЗНМ дава Собранието на ЗНМ на седница на Собранието. Освен ова, помеѓу две собранија, толкување на одредбите на Статутот дава Управниот одбор на ЗНМ – додаде Секуловски.

Честитки од Европските новинари

Европската федерација на новинари му го честиташе изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ. Вчера тоа го стори и претседателот на ЕФЈ, европската федерација на новинари на Твитер, Рикардо Гутиерез.

Чадиковски ќе го води ЗНМ во наредните 4 години. Тој е долгогодишен репортер, новинар и уредник, кариерата ја започна во А1 каде беше до самото нејзино затворање, продолжи во Фокус, а сега е дел од тимот на ТВ 24.

Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска