28 Април, 2024
0.0258

Врв на сезоната: Петнаесет степени под нулата на најдолгата и најисцрпувачка патека

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Американецот Камерон Неш ќе се обиде да ја зголеми својата предност на третата трка од светското првенство Red Bull Crashed Ice, на природно замрзнатата патека во студената Финска, каде што започнува втората половина од сезоната во најбрзиот спорт на лизгалки. Ова ќе биде поттик за неколку европски лизгачи да го дадат својот максимум и да го сопрат Неш и доминацијата на учесниците од Северна Америка.

Целната линија во Финска е секогаш посебно место во светот на трките со спуст на лизгалки, бидејќи финските спортисти се меѓу најбрзите финишери. „Летечките Финци“ како Мика Јухкиманен, Арту Пилаинен и Сала Кихала завршиле први во 12 случаи од 2008 година наваму. Сепак, оваа година целната линија ќе биде специјална за учесниците ко Ice Cross Downhill бидејќи ќе претставува милосрден крај на најдолгата и најисцрпувачката патека во сезоната, долга 630 метри со висинска разлика од 66 метри.

P-20121202-00064_News

Камерон Неш од Соединетите Американски Држави ќе се обиде да остане во водство и да ја обезбеди третата победа во низа од светското првенство Red Bull Crashed Ice, или четврта ако се гледа од крајот на минтата сезона. Ледено студениот фински град Јиваскила кој е познат и како студентски центар, се наоѓа на 270 километри северно од Хелсинки, а температурите за време на настанот се очекува да бидат 15 степени под нулата. Постојаноста на ваквите услови ја прави монструозно долгата патека во Финска да биде единствената природно замрзната, од првиот па се до седумнаесеттиот свиок, заедно со сите други попатни пречки. Победите на Неш извојувани претходно во Квебек Сити и Минхен беа на вештачки мраз.

- Потребна е постојаност и да се задржи фокусот, бидејќи сите што се на врвот оваа година се одлични,- изјави Неш кој има 2.200 поени откако успеа да освои и едно второ место во пропратниот „Riders Cup“ на трката во Франција.

Втор е Канаѓанецот Дин Мориарити со 1.540 бодови, кој победи во купот, додека трет во генералниот пласман е ланскиот шампион Скок Кроксал. Тој беше деветти во Франција, но Финска лани му ја донесе првата победа во кариерата, со која што „го скрши мразот“ по 13 учества без триумф во финалните трки. Освен победата во Хелсинки, тој победи на ланскиот „Riders Cup“ одржан во Јиваскила, но и на трката во Белфаст, со што го проби патот до првата титула.

Физички супер подготвениот Неш, кој тренираше екстремно напорно минатата сезона, рече дека очекува уште една „кралска битка“ со Мориарити и Кроксал во вториот дел од сезоната, иако вториов е негов тимски колега во екипните настапи за „Living the dream“.

- Ние сме тимски колеги и добри другари, но кога ќе излеземе на патеката никој не ја посакува победата повеќе од нас. Очекувам да имаме уште многу финални трки еден против друг,- рече Неш.

Французинот Тристан Дужердил е на четвртото место во генералниот пласман, откако беше треопласиран на куп трката во Франција, а воедно е предводник на групата лизгачи од Европа: Лука Далаго од Австрија (петто место) и Швајцарците Килијан Браун (шесто место) и Џим де Паоли (осмо место), кои се надеваат дека ќе ги сопрат лизгачите од Северна Америка повторно да го запоседнат пиедесталот.

Трките во Ice Cross Downhill претставуваат тактички, физички и брзински спорт во кој четири лизгачи се спуштаат по патеката полна со пречки од типот на скалила, скокови, искачувања и свиоци, а двајцата најбрзи одат во следната рунда. Ова ќе биде трета трка во Јиваскила, а акцијата ќе започне во петок навечер (29 јануари) со трките во екипна конкуренција.

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО:

Трката од Јиваскила ќе биде пренесувана во живо на  redbullcrashedice.com како и на Red Bull TV со почеток во 19.15 минути по средноевропско време, во сабота на 30 јануари. Red Bull TV е достапен на вмрежените телевизори, играчки конзоли, мобилни и други уреди. За комплетна листа на поддржани уреди посетете ја страната about.redbull.tv.

Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг