02 Мај, 2024
0.2968

Врвниот експерт за мобилни технологии Томи Ахонен ќе зборува на Економскиот Самит во Скопје

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Од 18 до 20 ноември ќе се одржи Македонскиот Економски Самит во Скопје кој во текот на трите програмски денови ќе претстави идеи и најдобри практики за тоа како да се подобри индустријата и деловниот сектор во Македонија. Организаторот на овој самит, Македонија2025, покани експерти од повеќе од 15 земји од регионот и светот кои ќе ги претстават своите предлози, анализи и програми за економски развој.

Почесен говорник е финецот Томи Ахонен, кого Форбс го назначи за број еден експерт за дигитални технологии во светот. Томи Ахонен, кој претходно работел на извршни функции во Нокиа, сега е советник на ИТ нации како Сингапур, Финска, Малезија, Ирска, во однос на нивната трансформација кон дигитални општества. Тој зборува на настани во Силиконската долина и Токио, како и на повеќе од 100 конференции низ светот. Има напишано 12 книги и има дадено свои излагања во повеќе од 140 публикации во кои со неверојатна прецизност ги предвидува идните технолошки текови. Ахонен е клучен говорник на самитот во Скопје каде ќе даде примери за неговиот ангажман во Европа, ќе зборува за трансформацијата на Јужна Кореа во дигитално чудо и за неговиот удел во развојот на тој сектор во Кенија, Ирска, Јужна Африка и Колумбија. Ахонен ќе ја претстави неговата визија за трансформирање на Македонија во создавање развоен центар во Скопје за паметни технологии и позиционирање на земјата како регионално инфо-технолошко средиште.

2025

Од Македонија2025 се гордеат на учеството на голем број професионалци и експерти кои потекнуваат од Македонија, а работат во успешни и познати странски компании. Луѓе како Филип Мисовски од САП Германија, Петар Кајевски од Оракл Австрија, Дино Граматиков од Инмарсат Швајцарија, Бистра Кумбароска од Импакт Хаб во Виена, Лу Наумовски од Кинрос Голд Корп Русија и многу други, со голем ентузијазам сакаат да придонесат до подобрување на визијата за поуспешна и понапредна Македонија на економски и деловен план.

Преку несебично споделување на знаењето, но и со проширување на капацитетите за тоа знаење да се апсорбира, Македонија може да се преобрази во центар за развој на иновативни технологии и развојни индустрии. Тоа што е значајно за економскиот развој, додаваат од организацијата основана во дијаспората, е потребата за некои сегменти во индустријата да се трансформираат, да се вклопуваат со други, да соработуваат, како и да целат кон интегрирање со индустрии и сектори надвор од Македонија. Од Македонија2025 ги покануваат сите професионалци, претприемачи и аналитичари на бизнисот во земјата да дојдат на самитот, да се поврзат со меѓународните учесници и да работат на своите визии за развој на своите сегашни или идни капацитети и компании.

За сите детали поврзани со настанот како и можностите за регистрација која уште е во тек обратете се на www.macedonia2025.com/summit

Можеби ќе ве интересира

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година