02 Мај, 2024
0.2605

ВТОР ДЕН ЖАЛОСТ: Многу е болно кога гледаш како луѓе се простуваат од овој свет барајќи помош

Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија тагува. Голем непребол во срцата на оние кои ги загубија најблиските во трагедијата кај село Ласкарци.

Втор ден на жалост. На местото на несреќата останаa само трагите и искрешената банкина кои продолжуваат да сведочат за кобниот 13 февруари. Автобусот сега е стациониран во касарната Ѓорче Петров каде вешатците ќе треба да проверат дали можеби технички дефект довел до сообраќајката.


Сведоштвата за незгодата која во смрт однесе 14 животи не запираат. Оние кои во моментот на превртување на автобусот беа на местото на несреќата кажваат што виделе и како се чувствувале.

Се изгледаше многу хаотично, бидејќи автобусот излета неколку метри под нивото на патот, а од силниот удар остана сплескан, што значи дека голем број луѓе останаа заробени во згужваната лимарија.

-Многу е болно кога гледаш како човек на твои години се простува од овој свет, барајќи помош. Во тој момент се чувствував најлошо на свет од кога знам за себе- видно потресен раскажува сведок на социјалните мрежи откако се затекнал на несреќата.

Знамињата и денес ќе бидат спуштени на половина копје, а во Гостивар и утре.

Засега се знае дека автобусот со 51 патник од Скопје тргнал во 16.15 часот, а со него најчесто патувале јавни службеници и студенти од Гостивар.

Причините за грозоморната несреќа допрва ќе се соопштуваат.

Можеби ќе ве интересира

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

„ГОГА НЕМА ХРАБРОСТ НИ РЕШИТЕЛНОСТ ДА ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА НИ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ НИ ПРОТИВ ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР“: Ванковска била загрижена заради Силјановска

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

СЗО ИМА СТАНДАРДИ ЗА УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО: Во Македонија се потребни повеќе зелени површини

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

КАРАКАМИШЕВА РАСПАЛИ ЗА ОСМАНИ: Знае ли човеков дека Венецијанската комисија е експертско тело за уставни прашања, а не чајџилница во која му се поклонуваат и му ракоплескаат?

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

ПАЛЧО МУ ОДГОВОРИ НА ЛОГА: „Лажете!“

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка