12 Мај, 2024
0.0244

Второто кралско бебе на Велика Британија е на пат

Објавено во: Стил 02 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Второто кралско бебе е на пат. Војвотката од Кембриџ Кетрин е примена во приватното крило на болницата "Сент Мери" во Лондон.

Сопругата на принцот Вилијам е во почетна фаза на раѓање.

Веста беше потврдена и на официјалниот Твитер профил на кралското семејство, од каде најавија дека Кетрин била примена во 6.00 часот. Прецизираа уште дека таа стигнала со автомобил до болницата.

Медицинскиот тим кој ќе go оствари раѓањето, е предводен од искусниот консултант акушер Гај Торп Бистeн.

Секоја соба во приватнaта болница "Линден" има безжичен интернет, сателитска ТВ, радио, сеф, телефон и фрижидер. Сите јадења се подготвуваат непосредно во посебна кујна, а чај и кафе се предвидени за мајките и гостите во текот на целиот ден.

Пред болницата се собрале илјадници Британци кои го очекуваат второто кралско бебе.

Првото дете на Кејт и Вилијам - принцот Џорџ, ќе направи две години во јули.

Според официјалната информација кралската двојка не го знае полот на своето второ дете. Тоа ќе биде четврто по ред за престолот - зад неговиот дедо принцот Чарлс, таткото - принцот Вилијам и неговиот брат принцот Џорџ.