Вучиќ го искоментира напреварот меѓу Хрватска и Русија и кажа за кого навивал
Објавено во: Балкан 09 Јули, 2018
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, го прокоментирал натпреварот меѓу Хрватска и Русија и рекол дека Англија во полуфиналето би можела да има повеќе навивачи во Србија од тоа што можат Англичаните да замислат.
Вели дека и пред натпреварот рекол дека Хрватска има подобар тим, но дека не гледа причина зошто би навивал за противниците на Русија.
„Навивав за Русија. Бидејќи некои ме критикуваа, тоа е мое право. Србија е демократско општество во кое секој може да навива за кого сака. Ни јас не сум фасциниран од многу работи. Не сум воодушевен од песните на Томпсон. И илјада пати да има таков натпревар ќе навивам за Русија. Па нека се нервираат оние кои сакаат да се додворуваат на некои на Запад"- изјавил Вучиќ за "Novosti", пренесува "Index".
Вучиќ рекол дека првиот пренос бил добар, но дека вториот бил премногу навивачки и дека после тоа го исклучил "звукот".