02 Мај, 2024
0.2232

ВУЧИЌ ПЛАНИРА ДА КУПИ 12 БОРБЕНИ АВИОНИ ОД ФРАНЦИЈА: Дали соседите се загрижени?

Објавено во: Балкан 09 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Северниот сосед ќе купи авиони од Франција. 

Најавеното купување борбени авиони од Франција ги загрижи соседите на Србија, пишува американска новинска агенција.

„Србија е блиску до потпишување договор за купување на 12 француски повеќенаменски борбени авиони „Рафал“, најави денеска претседателот Александар Вучиќ, што би означило оддалечување од традиционалниот воен снабдувач на Русија – пишува американската новинска агенција АП.

Агенцијата пишува дека Србија размислува за купување нови авиони „Рафал“ повеќе од две години откако Хрватска купи 12 употребувани борбени авиони од ист тип за околу една милијарда евра.

„Брзото вооружување на српската армија ги загрижува некои од нејзините соседи по крвавиот распад на Југославија во 1990-тите. Критичарите на западното вооружување на Србија велат дека продажбата на софистицирани француски авиони може да го поттикне Вучиќ на крајот да интервенира воено во соседно Косово, поранешна српска покраина која прогласи независност во 2008 година, која Србија не ја признава“, пишува АП.

Вучиќ во Париз се сретна со францускиот колега Емануел Макрон. Српскиот претседател очекува за два месеци да бидат потпишани договорите за набавка на авионите. 

Вучиќ изјави дека синоќа имал многу добар разговор со францускиот претседател кој траел повеќе од три часа и дека постигнале конкретни договори за купување на борбените авиони „Рафал“, за кои договорите ќе бидат потпишани во следните два месеци.

Многу сум среќен поради резултатите од тие разговори, среќен затоа што можевме на отворен и специфичен начин да разговараме за сите видови соработка со една од најважните земји во светот. И мислам дека постигнавме конкретни договори во врска со купувањето и на „Рафал“, каде очекувам да биде потпишан договорот во следните два месеци и со присуство на претседателот на Франција, што е исклучително важно за Србија на повеќе нивоа“, рече Вучиќ.

Тоа создава можности за други соработки.  Инаку, претходно и Србија беше загрижена поради фактот дека Косово се вооружува. 

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат