Вучиќ: За да биде висок како мене Рама се качи на Штикли
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2017
Идниот српски претседател Александар Вучиќ во интервју за ТВ Пинк се пошегува за ексцентричниот стил на облекување на албанскиот премиер Еди Рама кој на неформалната вечера во Брисел се појави во необично сако, маичка и патики. Исто така рече дека постојано носел чевли со платформа за да се прикаже дека е повисок.
- Еди се качи на штикли за да биде висок како мене. Секогаш има некои ѓонови, јас се смеев. Инаку Еди е многу шармантен и интелигентен. Тој веројатно се шегувал, па дојде во тренерка. Тој е уметник и со тоа веројатно сакаше да го покаже неговиот однос кон ЕУ- рекол Вучиќ.
За облекувањето на Рама во Брисел не било забележано бидејќи е непристојно да се критикува еден лидер на држава.