Вулин лут на Заев затоа што ветил поддршка на Приштина за УНЕСКО
Објавено во: Балкан 12 Декември, 2017
Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин вели дека премиерот Зоран Заев не си го одржал зборот алудирајќи на неговата изјава дека Приштина може да смета на поддршка од Македонија во сите процеси, објавија српските медиуми.
Вулин со писмено соопштение реагирал на одговорот на Заев, кој на прашањето дали Скопје ќе го поддржи членството на Косово во УНЕСКО, рекол дека Приштина може да смета на поддршка од Македонија во сите процеси.
„Како што претседателот Александар Вучиќ најави пред неколку месеци, македонскиот премиер не си го одржа зборот. Иако јавно вети дека ќе биде воздржан во врска со прашањето за членството на Косово и Метохија во УНЕСКО и дека тоа ќе биде доказ за пријателството со Србија, Заев одлучи да ја поддржи Приштина. Заев со ова покажа дека Вучиќ добро ги познава луѓето и околностите, но покажа и што мисли навистина македонскиот премиер за Србија“- навел Вулин.
Во соопштението тој пишува дека Србија и српскиот претседател ѝ се пријатели на Македонија и на нејзините граѓани.