За Ердоган Европа е исламофобична
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2016
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави дека Европската унија неизбежно ќе се соочи со уште земји кои сакаат да го напуштат овој блок, доколку продолжи по истиот пат.
По повод референдумот во Британија и одлуката за напуштање на ЕУ, Ердоган вели дека унијата ги одложува напорите на Анкара да влезе во ЕУ поради исламофобија.
„Моментната пракса против Турција е исламофобична, затоа одлагаат да не примат. Ако ЕУ продолжи по истиот пат, за кратко време ќе се соочи со нови напуштања“- смета тој.
Тој ја обвини ЕУ дека користи двојни стандарди и предупреди дека уште земји ќе сакаат да излезат од унијата.
Ердоган и претходните денови изјави дека Европа не ја сака Турција во унијата затоа што нејзиното население е муслиманско.