03 Мај, 2024
0.1291

ЗА НЕКОИ КОНЕЧНО ДОБРИ МЕРКИ, ЗА НЕКОИ-ПРИСИЛНА ВАКЦИНАЦИЈА: Грѓаните со спротивни ставови за најавените антиковид мерки

Објавено во: Македонија 18 Ноември, 2021

Добивај вести на Viber

Додека некои со вооодушевување гледаат на најавените антиковид мерки кои вчера ги објави министерот за здравство, Венко Филипче, други сметаат дека тоа е погазување на човековите права и дека станува збор за присилна вакцинација. Ваквите ставови преовладуваат, но голем е бројот и на граѓаните кои целосно се согласуваат дека вакви ковид мерки конечно се потребни и во Македонија.

-Навистина големо браво. Одлична одлука. Веќе мора да се реши овој проблем. Не е фер некој да е вакциниран и да стравува за своето здравје зошто спроти него во канцеларија седат уште тројца невакцинирани против ковид. Во пандемија сме, не знам како да им се објасни на луѓето. И секако не може да тврдат дека ваквите мерки се всушност присилна вакцинација, кога постои избор, а тоа е да се тестираат. Во другите земји одамна постојат вакви правила. Па дури и на децата еднаш до два пати неделно им прават брзи тестови за да може да одат во училиште или во градинка. И кај нас приватните училишта еднаш неделно им прават тестови на учениците, на оние кои не се вакцинирани. И навистина не гледам што толкава галама. Наместо да гледаме што побрзо да излеземе од оваа ситуација, тие се служат со измами, прават фалсификат сертификати, си влегуваат слободно каде сакаат, па потоа вирусот мутирал. Секако дека ќе прави нови варијанти кога има простор за ширење. Светот се доведе во состојба, дури и вакцинираните да се заразуваат, бидејќи вакцините имаат помала ефикасност против нови соеви, Зошто? Бидејќи неразумната маса не сакаше вакцинација веднаш. Како и да е, јас целосно поддржувам вакви мерки, дури и поригорозни би требало да бидат, револтирано вели една скопјанка, која сега ја поминува заразата, но со полесни симптоми.

Од друга страна пак, преовладуваат мислењата на оние кои ниту сакаат да се вакцинираат, ниту пак се согласни да се тестираат секоја недела за да може да одат на работа.

Велат дека точно е дека вакви мерки постојат и во другите земји, но државите обезбедуваат бесплатни тестирања и за возрасната популација, и за децата во училиште.

-Ниту еднаш бесплатни тестови на луѓето не овозможивте. Кога веќе со сите мерки ги копирате другите земји, можете и со бесплатни тестови тоа да направите, е само еден од многуте коментари на граѓаните.

На објавените антиковид мерки, уште вчера имаше реакции и од некои од синдикатите, кои тврдат дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“.  Од Министерството за здравство велат дека вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно доколку одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми заради кои не може да се вакцинираат тоа не се присилени да го направат.

-Истите мерки кои ги предлагаме се веќе воведени во многу земји во Европа и регионот како на пример во Словенија, Хрватска и Грција каде одамна се на сила. Во услови кога се заканува нов силен Ковид бран, должност на министерството и Комисијата е да предлагаат соодветни мерки кои со сигурност ќе дадат резултати како за намалување на ширењето на вирусот, така и за подигање на процентот на имунизирано население. Протести или други форми на изразување на незадоволство против мерките се демократско право, но исто така спротивно на здравствените препораки кои доаѓаат од светските здравствени институции. Апелираме на одговорност на сите граѓани и чинители во општеството со цел заеднички да ги надминеме сите предизвици со пандемијата која за жал, се уште коси во светот. Бараме поддршка за мерките кои се во интерес на јавното здравје и заштита на здравствениот систем кој трпи огромен притисок пред се од лица кои не се вакцинирани, а имаат потреба од болничко лекување, соопштија од Министерството за здравство.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?