02 Мај, 2024
0.0850

ЗА ШТЕДЕЊЕТО, ЗА ИДНИНАТА НА ДЕЦАТА, РАЗМИСЛУВАЊА ОД ЖЕНСКИ АГОЛ

Објавено во: Мои пари 08 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Марија од Скопската населба Аеродром важи за вредна, мирна и стабилна жена, вработена, сопруга, мајка на две дечиња, кои се и нејзината најголема гордост. Токму затоа, таа многу внимава кога се работи за одлуките поврзани со домашниот буџет. Иако ужива во убавата гардероба, и честопати сака да си купи нешто убаво, во последно време и се изменија приоритетите. Ако не внимавам на трошоците, никогаш и не можам да заштедам, вели таа. Веќе не размислувам само за себе, туку за целото семејство. Таа како и секоја друга мајка сака нејзините деца да бидат згрижени, да ги воспитува правилно, и да израснат во здраво личности кои самите ќе може да се грижат за себе.

Но, има една работа која е особено карактеристична за Марија. Без оглед на сѐ, таа секогаш размислува долгорочно! А иднината и сигурноста на нејзините деца се на прво место, без конкуренција. Соништата на нејзините деца, Ана и Ведран, се најважни. Со децата разговара како со возрасни, секогаш со внимателност ги ислушува, и со трпение одговара на нивните симпатични прашања. Сигурна е дека вложувањето во нивното образование е нешто најважно, и нешто за што треба да се штеди. Таа сака да им го обезбеди најдоброто образование.


Тие што ја познаваат, добро знаат дека таа е многу темелна, дека внимателно ги анализира опциите кои и стојат на располагање, ги споредува ризиците и можностите, па потоа донесува одлука. И како и секоја умна жена, таа добро се информира, ги ислушува советите и размислувањата на другите, ама секогаш пресекува по сопствено убедување. Се противи на стереотипите дека инвестирањето е машка работа, гласно велејќи дека ако утре не успее да ги образова децата заедно со сопругот вината ќе биде и нејзина. Марија сака својата и судбината на своите деца да ја има во свои раце.

Имам месечни приходи кои ми дозволуваат да создадам мала заштеда, вели таа, но тие средства сакам ем да бидат сигурни, ем полека да се оплодуваат. Затоа, кога размислувам за вложување, секогаш водам сметка да „ги распределам јајцата во повеќе кошници“. Имам нешто пари во банка, но таму денес се многу ниски каматите, па тие ги чувам за евентуално нешто непредвидено да не искрсне, колку да не седат дома да ги мислам. Но последнава година најмногу се ориентирав кон вложување во реномирани странски компании. И за тоа не ми требаат многу пари, туку го правам малку по малку, но континуирано секој месец. Во фонд што вложува во големи светски компании склучив договор за програмирано месечно вложување за да можам да активирам траен налог, па сега уплатите си одат автоматски од плата.

Малце ми звучи чудно кога го кажувам, ама преку фондот поседувам акции од компании како Coca Cola, Google, BMW и други ТОП БРЕНДОВИ. Она што е ми важно е што вложувањата се интернационални, во различни валути, па мојата заштеда не зависи толку од нестабилните домашни случувања кај нас. Порано се плашев од акции, мислев дека е тоа коцка и можам да ги загубам тешко спечалените пари, но откако малку се едуцирав, прочепкав на интернет и се консултирав со финансиските советници во КД Фондови, се ориентирав и во вложување во акции, бидејќи иако нивната вредност е променлива низ времето, долгорочно остваруваат стабилна заработка.

Следејќи го моето искуство, на пријателките им советувам да не ги затвораат сите пари во банка или недвижен имот. Инвестициските фондови имаат долгогодишна историја на зголемување на капиталот на своите клиенти, ги пласираат нивните средства во хартии од вредност кои континуирано заработуваат дивиденда, па дури и во кризни периоди. Создадете им на децата нешто вредно, нешто што утре ќе им обезбеди престижно школување или ќе им помогне да застанат на свои нозе.

Можеби ќе ве интересира

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа