ЗА СТАРТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА РАЗМИСЛУВА И СРБИЈА: Одлуката се чека в понеделник, но се снимаат и часови за евентуална онлајн настава
Објавено во: Балкан 08 Август, 2020
И покрај големиот
број новозаразени во соседна Србија, властите се подготвуваат интензивно за
почетокот на учебната година, истовремено нагласувајќи дека учениците не смеат
да останат дома и во првото полугодие од 2020/2021.
Премиерката Ана Брнабиќ, најави дека одлуката за поаѓање на децата во школо ќе биде соопштена во понеделник, најдоцна во вторник, бидејќи во текот на овој викенд, членовите на Кризниот штаб ги усогласуваат деталите како ќе се одвива образовниот процес.
-По состаноците што ќе ги одржиме денеска и утре, ќе излеземе со јасни препораки веќе од понеделник. Ќе ги разгледаме убаво протоколите на Министерството за просвета кои се однесуваат на мерките за превенција од корона вирусот, како ќе бидат организирани часовите и колку би траеле, изјави Бтнабиќ.
Таа истовремено нагласи дека веќе се снимаат и часови за евентуална онлајн настава, за да, како што рече, школството биде подготвено за сите опции.