28 Април, 2024
0.0311

Забавна опција на Фејсбук за која малкумина знаат

Објавено во: Стил 12 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Покрај сите слики, разговори, објави и вирални предизвици, „Facebook“ крие и други изненадувања. Едно за кое се дозна неодамна е шахот во прозорецот за разговор за кој малкумина знаат дека постои. Компанијата, впрочем, никаде не открива дека постои можноста за играње шах во рамки на социјалната мрежа. Таа е дури и тешка да се пронајде доколку не знаете точно што барате. Тоа е така бидејќи играта се активира само со внесување специјален код во прозорецот за разговор - @fbchess play. Потоа ќе се појави шаховска табла и секој од учесниците во разговорот добива сет фигури, а потоа е време за игра. Фигурите се поместуваат со пишани команди кои им се познати на оние кои се експерти во шахот. За да поместите фигура секогаш мора да напишете @fbchess, а потоа додавате ознака на полето на која сакате да ја ставите фигурата. На пример, доколку сакате да поместите пион, внесувате @fbchess Ph3. Потоа следува другиот играч.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти