02 Мај, 2024
0.0275

ЗАЕВ ДЕЦИДЕН: Отстапки се морални и Грција и од нас, ништо нема да продадам ниту пак да купам!

Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Во процесот на решавање на проблемот со името, секој знае дека мораме да го почитуваме достоинството на луѓето и народот и на државата. Но ако, не дај Боже, до крајот на јуни тој не биде решен, тогаш наместо ние во Европа, ќе треба да ја донесеме Европа тука. Ова го изјави премиерот Зоран Заев во интервју за МКД.мк

Тој додаде дека никој не го замолил да ги смени имињата на улиците или на аеродромот, но ако некој даде такво барање, тој е подготвен да разговара. Во однос на оптимизмот за евроатлантскиот пат на Македонија премиерот вели дека има јасни и строги критериуми "и ако нема вистински напредок, нема да можеме да ги измамиме своите партнери од ЕУ, кои треба да видат успешна реформа".

За спорот на Грција за името на Македонија премиерот оценува дека засега успешно е реализирана првата фаза, „при што посредникот Метју Нимиц седна на иста маса со преговарачите од двете земји, за да се провери дека двете страни се подготвени на ист начин да влезат во решавањето на проблемот". Тој додаде дека сé уште не е време да се зборува за предлози, но очекува чести средби да го решат проблемот. 

Заев е на мислење дека преговарачкиот процес по прашањето "не е купување време или одложување", а дека времето до крајот на првата половина на годината треба да биде искористено за изнаоѓање на решение. Што се однесува до "доведувањето на Европа" во Македонија Заев има предвид целосно навлегување на европските вредности во земјата, кои граѓаните ќе ги применуваат, сеедно дали Македонија е членка на ЕУ.

На прашањето за кое многу Македонци сметаат дека ако стане збор за  името "Заев ќе го продаде ...", премиерот одговори: "Го докажав мојот патриотски придонес кон државата. Сè што имам е во Македонија, сè што научив е љубов кон мојот народ и мојата земја. Потполно сум свесен дека патриотизмот е перспектива на државата. .. Значи немам намера ниту да продадам, ниту да купам нешто". 

Премиерот е категоричен дека треба да се одржи референдум за прашањето за името. Запрашан на какви компромиси е подготвена Македонија, Заев одговори: "До таму до каде што користа ќе биде со знакот плус за Македонија и до каде Грција ќе оди на компромис. Двете земји мора да направат отстапки и на тој начин да создадат бенефиции за конечно да се гледаат како партнери под европското знаме.“

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање