24 Февруари, 2020
0.0204

Заев ги следеше чешките пратеници како се расправаат: Не се способни политички и воено, ама не описменија

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2019

Парламентот на Република Чешка денеска го ратификуваше Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО на седница на која присуствуваше и македонскиот премиер Зоран Заев, кој истовремено денеска е во Прага на Самитот на Вишеградската група и Западен Балкан.

Како што пренесува чешки „Иднес“, шефот на македонската влада имал што да слушне од чешките пратеници, односно од тоа дека Македонија не е способна политички и воено за прием во НАТО, до тоа дека Светите браќа Кирил и Методиј ги описмениле Чесите како словенски народ па затоа требало да ни возвратат со благодарност. На крајот, 124 од 148 присутни пратеници гласаа во прилог на Македонија и Заев можеше да се радува.

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, од галеријата за посетители, го набљудуваше гласањето и дебатата на чешките европратеници за приемот на Македонија во НАТО. Претходно Заев се сретна со чешкиот премиер Андреј Бабиш.

„Во овој момент, јас не сум за проширување на НАТО со кревки држави, за кои верувам дека немаат ниту политички ниту воен капацитет. Не можам да си дадам одговор на прашањето дали НАТО сè уште работи како што треба или само на хартија“,“, рече Радам Вич, член на евроскептичното Движење Окамура.

Осуммина комунисти гласаа против, пратениците на СПД се воздржаа, неколкумина членови на ЦССД и претставниците на Триколори не учествуваа на гласањето.

„Постои реална можност за понатамошни доста сериозни спорови меѓу земјите членки на НАТО, Грција и Албанија, од една страна и потенцијалната земја-членка Северна Македонија. Би било многу неодговорно да се согласиме Северна Македонија да се приклучи во НАТО“, рече Јиржи Кобза од анти-емигрантската СПД.

„Би сакал кратко да одговорам овде на она што се наметна од СПД. Ако сме загрижени за стабилноста на Северна Македонија, членството во институциите како што се НАТО и ЕУ ќе придонесе за зајакнување на нејзината стабилност и безбедност. Нашиот приоритет секогаш беше да работиме кон интеграција на земјите од Западен Балкан, како во Северноатлантскиот пакт, така и во Европската унија “, одговори министерот за надворешни работи Томаш Петричек.

„И Светите браќа Кирил и Методи, предци на денешните Македонци, го описменија овдешниот словенски народ. Никогаш не треба да го забораваме тоа. Тоа е исто така причина за нашето покрстување“, рече поранешниот шеф на чешкката дипломатија, Карел Шварцеберг, инаку член на ТОП 09.

Сенатот на Чешка се согласи да го ратификува протоколот за пристапување на Македонијаво НАТО уште кон средината на јуни. Северна Македонија треба да стане 30-та земја членка на Северноатлантската алијанса.


Можеби ќе ве интересира

Социјалдемократите вечерва почнале да ги кројат пратеничките листи

Социјалдемократите вечерва почнале да ги кројат пратеничките листи

ФОКУС НА ДЕНОТ: Повредените од Романовце се борат за живот, во Италија се шири коронавирусот

ФОКУС НА ДЕНОТ: Повредените од Романовце се борат за живот, во Италија се шири коронавирусот

Средба Поповски-Тимоние: Клучна определба на оваа Влада е целосната слобода и независност на медиумите

Средба Поповски-Тимоние: Клучна определба на оваа Влада е целосната слобода и независност на медиумите

ПО НЕСРЕЌАТА ВО РОМАНОВЦЕ: Утре ден на жалост во Куманово

ПО НЕСРЕЌАТА ВО РОМАНОВЦЕ: Утре ден на жалост во Куманово

Се вклучува ли алармот: Филипче порача да не се патува во Италија

Се вклучува ли алармот: Филипче порача да не се патува во Италија

ВМРО-ДПМНЕ започнува со протести, утре и опозицијата ќе маршира за правда

ВМРО-ДПМНЕ започнува со протести, утре и опозицијата ќе маршира за правда

Блерта Поцеста што си го масакрираше семејството во Дебар ќе сведочи за убиството на Пино

Блерта Поцеста што си го масакрираше семејството во Дебар ќе сведочи за убиството на Пино

Клиниката во Штип ќе биде база за изолација на евентуално заразените од корона во Македонија

Клиниката во Штип ќе биде база за изолација на евентуално заразените од корона во Македонија

Милошоски: Заев ако не лаже, нека каже кој го снимал

Милошоски: Заев ако не лаже, нека каже кој го снимал