02 Мај, 2024
0.0298

Заев го кажа ставот за двојните државјанства

Објавено во: Македонија 19 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Maкедонскиот премиер Зоран Заев вели дека лесно е да кажеме сите нека нема двојни државјанства гледано низ дискурсот на моментот на разговорите со Бугарија. 

Но, вели дека притоа заборавивме дека има повеќе од 2 милиони наши жители надвор низ светот, и тоа е наша дијаспора. 

„Тоа се огромни афирматори на македонштината и на македонскиот народ и држава“, рече денес премиерот Заев рашан дали би поддржал законско решение со кое би се регулирала обврска македонските јавни функционери и политичари задолжително и транспарентно да декларираат дали имаат повеќе од едно државјанство.

Вели дека не може да каже дали ќе поддржи или не. 

Голем дел од нашите граѓани се државјани на многу други европски земји и многу често тоа ни е добредојдено. Треба да ја издискутираме оваа работа, ние не бегаме од дискусиите, сакам граѓаните наши да се изјаснат. Да имаме предвид дека тоа е и нашата дијаспора, ни требаат, е вредна. Имаат и други свои пасоши во Америка, Австралија, Германија, Швајцарија. Но, да чуеме што ќе кажат граѓаните“, рече Заев.

Вели дека Уставот дозволува бипатритност и дека во Парламентот веќе имало закон кој дозволува дипломатот да има двојно државјанство. Тој додаде дека меѓу амбасадорите кои веќе ги имаат предложено е и Емил Кирјас со огромно меѓународно влијание, кој покрај македонкото има и британско државјанство.

Бугарија почна се почесто да ги спомнува македонските граѓани кои поседуваат бугарски државјанства, и тоа веќе станува пробелм меѓу двете земји. Бугарските власти споменуваат бројка од над 88.000 граѓани кои имаат и бугарско државјанство. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање