28 Април, 2024
0.0283

Заев го повика Обвинителството да отвори случај за „Еко клуб“

Објавено во: Македонија 05 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Претседателкот на СДСМ, Зоран Заев, го повика Јавното онбинителство да отвори случај за фирмата „Еко клуб“ за несоодветно третирање на опасен отпад. За последните наоди поврзани со работењето на депонијата „Дрисла“, Заев го обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Многу вознемируваат информациите и фотографиите за несоодветното третирање на медицинскиот отпад. Како граѓанин на оваа држава, како родител и како одговорен политичар не можам да поверувам дека човечки органи и медицински материјали се третирале аматерски со потенцијална опасност заразите да се пренесат врз луѓето.

Подвигот на градскиот инспектор да упадне во „Еко клуб“, да направи фотографии и да ја фати на дело фирмата која опасниот отпад го третирала несоодветно, треба да преставува мотив за надлежните институции за што побрзо решавање на случајот. Јас и моите соработници нема да дозволиме некој да профитира врз здравјето на нашите сограѓани. Заврши времето кога никој не водеше сметка за екологијата и здравјето и кога се замижуваше пред вакви скандали.

Овој случај на тест го става пред сѐ Јавното обвинителство кое треба да покаже независност и политичка неутралност во утврдувањето одговорност на оние кои медицинскиот отпад го претворале во храна за кучиња скитници.

Но, овој случај е голем тест и за ВМРО-ДПМНЕ, партијата за која фактите говорат дека е поврзана со фирмата која го расфрлала медицинскиот отпад. ВМРО-ДПМНЕ добро знае дека тие што неодговорно се однесуваат кон јавното здравје ќе бидат казнети и од институциите и од граѓаните“, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.

Социјалдемократите вината ја префрлија кај опозициската партија, за која сметаат дека е поврзана со фирмата „Еко клуб“.

„Фирмата „Еко-Клуб“ е во сопственост на Сашо Јанакиески, многу близок соработник на Никола Груевски на ВМРО-ДПМНЕ. Сашо Јанакиески, сопственикот на „Еко клуб“ беше поставен за директор на унгарски трговски куќи во Скопје. Сашо Јанакиевски е почесен конзул за Македонија на унгарскиот премиер Виктор Орбан, премиерот кој му даде азил на Никола Груевски. Еко клуб“ е битолска фирма, која дебело се офајдила во времето на ВМРО-ДПМНЕ – тоа се гледа во бројните тендери од времето на вмросвскиот градоначалник на Битола, Владимир Талески. Потенцираме – Сашо Јанакиевски, бизнис играчот на ВМРО-ДПМНЕ, го депонирал медицинскиот отпад во Дрисла без при тоа да го обработи и уништи на соодветна машина што е надвор од прописите и договорите. Таквиот отпад иако не смеел, го носел во депонијата Дрисла бидејќи тоа му го овозможуал уште еден кадар на ВМРО-ДПМНЕ” изјави портпаролот Коста Костадинов.

Вчера Марија Андоновска во име на ВМРО-ДПМНЕ одговорноста ја впери во скопскиот градоначалник петре Шилегов, министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули.

„Уште еден во низата скандали поврзани со министерството за здравство и Венко Филипче. Скандалозно однесување на градоначалникот Петре Шилегов, општинските инспекции, служби, државната инспекција и депонијата Дрисла излезе на виделина. Ни помалку ни повеќе медицински отпад непрописно се третирал и се носел во Дрисла, кучиња јаделе човечки органи и друг вид медицински отпад, а водата истекувала во реката Вардар. Каде е Филипче, но и сите надлежни да одговорат за овој случај? Каде е Јани Макрадули кој наместо да парадира по настани треба суштински да делува? Филипче, ги знае ли воопшто протоколите за уништување на медицински отпад? Филипче знаеш ли воопшто каде завршува тој медицински отпад? Господине Макрадули што прават инспекциите од министерството за животна средина, зошто не се штити животната средина и здравјето на граѓаните? Шилегов вие го водите градот трета година по ред, како тоа не знаете каде завршува медицинскиот отпад?! Како тоа при вонреден надзор е откриен случајот во декември?! Шилегов, сега е месец февруари! Но, не само што е февруари, што се случува во Дрисла, што прават во Дрисла, знаат ли надлежните со што воопшто работат?“, соопшти Андоновска.

И од ВМРО-ДПМНЕ претходно го побикаа Јавното онбинителство да го испита овој случај.

Можеби ќе ве интересира

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

ИМА НЕДВИЖЕН ИМОТ НА СВОЕ ИМЕ, ДОСЕГА Е НЕОСУДУВАН... - од Врховен суд ги изнесоа причините зошто не треба затворски притвор за таткото на Вања

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

„АКО СЕ БИДЕ ВО РЕД, ВО ИДНАТА ВЛАДА ЌЕ БИДАТ ЗАЕДНО ВМРО-ДПМНЕ И ЗНАМ“ - новинарот Латас со прогноза

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

Левица во Битола оддаде почит на загинатите бранители во Вејце

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЛУКАРЕВСКА: Вредностите секогаш не обединувале, и кога било најтешко и кога е најважно, да не го потцениме моментот, сега е најважно

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЧУДНИ РАБОТИ СЕ СЛУЧУВААТ ВО ОХРИД - скопјанец однесен во болница повреден со остар предмет, но рекол дека се самоповредил!?

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ: Бидејќи Еди Рама го прогласи Али Ахмети за „пионер на Отворен Балкан“, и Белград да го прогласи за почесен граѓанин

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

БОКИ 13 ВЕРЕН НА СВОЈОТ СТИЛ, СЕ ПОЈАВИ ВО СКАПА ОБЛЕКА И ПОСАКА УБАВ ДЕН - „отсекогаш сум ги сакал сончевите неделни утра“

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

ОСУМ СВЕЌИ ЗА ОСУМТЕМИНА ЗАГИНАТИ БРАНИТЕЛИ ВО КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ - 23 години подоцна Достоинство се потсетува

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица

СЕ ОГЛАСИ ПРОФЕСОРКАТА НАЈЧЕВСКА - Алтернатива на СДСМ не е ВМРО-ДПМНЕ, не е ни ЗНАМ, не е ни Левица