10 Мај, 2024
0.0304

Заев: Ќе се извади двојазична табла во Струмица

Објавено во: Македонија 02 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, претседателот на СДСМ, денеска најави дека двојазична табла што стои пред зградата на Јавното правобранителство во Струмица ќе биде за брзо време тргната. Според лидерот на владеачката партија, не треба да има двојазични табли во општините каде што нема етнички заедници чиј процент не надминува 20 отсто. Тој додаде дека вакви табли се тргнати и во Кочани и во некои други места.

Заев ова го напомена откако неодамна беа искршени двојазични табли на две подрачни државни институции во Велес и прилеп, а вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи толкуваше дека таму сепак тие се нашле прописно.

- Ја сум информиран и дека на Јавното правобранителство во Струмица стои двојазична табла која што верувам дека брзо и веднаш ќе ја отстранат, заради тоа што немаме повеќе од 20 отсто (граѓани од албанска националност) и нема кој да го користи албанскиот јазик во Струмица, рече Заев меѓудругото одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Заев додаде дека во Струмица има само едно семејство Албанци-пекари кои го прават струмичкиот бурек.

- Но тие го зборуваат увабо и македонскиот јазик и секако само едно семејство не се 20 отсто. Како што реков, во Кочани беше отстранета и во некои други места се отстранети, така да законот треба да се применува низ призмата на практичната потреба, а не за исилување на една заедница врз друга заедница, смета Заев.

Османи вчера посочи дека доколку општината со својата државна подрачна единица покрива најмногу една општина во која се зборува јазик на малцинските заедници согласно Законот, тогаш треба да има двојазична табла. 

„Во Велес тоа е Чашка, а во Прилеп – Долнени“, рече Османи.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претходно на ТВ-дуелот во петокот рече дека поставувањето на двојазичните табли насекаде низ Македонија можеби не било добро обмислено.


Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска