02 Мај, 2024
0.0271

ЗАЕВ: Можевме да ја набавиме вакцината и директно од „Фајзер“, но тие бараат директен договор, а нашиот закон тоа не го дозволува, туку мора преку тендер

Објавено во: Македонија 11 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Владата вчера го платила авансот за вакцината за земјава против ковид, а ја утврдила и банкарската гаранција што ќе биде дадена за да се обезбеди вакцината. Гаранцијата ќе биде дадена од Комерцијална банка, која понудила најдобри услови.

„Денеска се плати авансот за КОВИД вакцината и на денешната седница на Владата ја утврдивме банкарската гаранција за да потврдиме дека ќе биде исплатена целата сума за набавка на вакцината против КОВИД-19“, соопшти премиерот Заев во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Во делот на набавка на вакцините би сакал прво да повторам дека веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот. Во рамки на овој систем ќе ги добиваме вакциниите согласно планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс за кој наскоро ќе добиеме информации од нив. Вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори односно доставивме формални барања за обезбедување вакцини уште преку други два механизми. Првиот е во директни преговори и директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините. Пуштено е формално барање за понуда до две компании, „Фајзер“ и „Астра Зенека“ и се надеваме дека наскоро ќе имаме формална понуда од нив“, рече премиерот Заев.

„Можевме ние да набавиме и директно од ‚Фајзер“, имаме комуникација, држава сме сега, но од ‚Фајзер“ рекоа  - да, ама да оди преку директен договор. А според нашите закони, нема директен договор, туку мора да се распише тендер. Сето друго е кривично кршење на законот, законот не оставил можност за тоа, туку оставил можност еве вака, преку аванс, учество во колективни системи. Нормално, ако е за здравјет ќе го смениме законот, но сега ги имаме сите овие аспекти, прво Ковакс системот, има доволно вакцини, потоа Грција, нарачувајќи за себе, нарача и за Северна Македонја и Албанија, и сите можности кои се отвораат, како за сите земји, така и за нас“, рече Заев. 

Ќе има доволно вакцини, дециден е премиерот. 

Тој истакна дека е обезбеден и трет механизам преку Европската унија и посебно од Грција за дополнителни 800.000 вакцини преку ЕУ од вкупно 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата.

Претседателот на Владата Заев информираше дека е во подготовка и логистичката организација на целата операција за вакцинирање против КОВИД-19 за што вчера се донесени неколку одлуки.

„Вакцинацијата за граѓаните ќе се врши на постоечките здравствени капацитети, вакцинални пунктови и болници. Во тек на следната недела ќе започне процесот на на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид 19. Сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината треба да бидат обучени со поддршка од СЗО“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Телма. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање