02 Мај, 2024
0.0330

Заев: На почетокот на идната недела Македонија треба да има нова реформска европска Влада!

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Мандатарот и лидер на СДСМ Зоран Заев во Брисел по средбата со високата претставничка Могерини вели дека се зборувало за сите детали, за регионалните проекти, за огромните подршки за инфраструктурните проекти коишто се во фаза на изведба и во фаза на аплицирање. 

„Зборувавме и за отворени билатерални прашања коишто постојат во регионот, а би биле пречка за идното напредување на земјите кон Европската Унија. И секако најважнотои беше да се зајакне соработката. 

Високата претставничка на Европската Унија, г-ѓата Могерини ќе лиферува и свое соопштение сигурно, но јас само да потврдам дека ваквите пракси таа ги најави како една редовна потреба на состаноци на премиерите од Западен Балкан со високите претставници на Европската Унија, посебно со г-ѓа Федерика Могерини“, соопштија од кабинетот на Заев.


„Јас изразив жалење заради коешто некогаш политичарите во кампања, пред кампања знаеме, многу често тоа е невнимание. Но секако тоа е потврда на потребата од заедничка соработка помеѓу нашите две земји. Ние се ракувавме и верувам овој состанок којшто беше денеска покрај зацврстување на европските перспективи на целиот регион и нашите земји ќе значи и унапредување на соработката на нашите земји, така и на соработката помеѓу Р.Македонија и Р.Србија“, го коментира Заев прашањето дали му се обратил на Вучиќ за изјавата за националистичка влада.

Запрашан до каде се преговорите за формирање на новата Влада и дали БЕСА дефинитивно ќе учествува во таа Влада, лидерот на СДСМ вели:

„Можам да кажам дека со другите партии сме многу поблиску и во делот на она што значи распределба на ресори и во делот на аспектот на потребата од изнаоѓање на квалитетни кадри. Со партијата БЕСА не сме дошле уште да разговараме за кадри, сеуште разговараме за ресорите, вкупниот број, колку, пропорциите, одговорноста. Верувам дека многу брзо ќе дојде и да разговараме и за имиња. Моја аспирација е, а генерално и сите лидери заклучивме да се обидеме до крајот на неделата да доставиме предлог до македонскиот Парламент и ветивме некои десетина дена, еве во недела завршуваат, шест, седум дена поминаа, луѓето очекуваат резултати,подобрување на економскиот живот, започнување на реформите, сакаат да видат како Парламентот функционира, опозицијата си ја врши својата работа, владејачкото мнозинство својата работа, сето тоа ќе значи секако и приближување кон Европската Унија, но најмногу од се подобрување на животот на граѓаните“. 

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање