Заев: Оставив аманет пред семејството за донирањето на органите
Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021
Премиерот Зоран Заев се вклучи во кампањата за зголемување на свеста за донирањето на органи. Во своето видео-обрачање вели дека и самиот оставил аманет пред своето семејство дека сака да ги донира своите органи.
- Токму затоа, за ова прашање имам разговарано со најтесниот круг од моето семејство и имам оставено аманет дека сум подготвен лично да придонесам нечиј живот да биде спасен. И на крајот, сакам да ги повикам сите граѓани да прифатат дека органодарителството е највисок акт на човечност и хуманост и ја подига свеста за уште многу успешни трансплантации за излекување и за спасени животи, вели Заев.
Тој дава поддршка кон оние кои чекаат пресадување органи и упатува благодарност кон сите дарители и нивните семејства.