03 Мај, 2024
0.0481

Заев се обрати меѓу светските лидери во Њујорк

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

„Воспоставувањето доверба меѓу владите, граѓаните и организациите од различни видови е од клучно значење за воспоставувањето транспарентни и енергични демократии“ порача претседателот на Владата, Зоран Заев, на почетокот од своето обраќање на панел сесијата „Отворено владино партнерство - Враќање на довербата во владата“, во рамките на дебатите на Генералното собрание на Обединетите Нации.

Премиерот Заев истакна дека Македонија неодамна преживеа сурова политичка криза, чиј круцијален дел беше пробивањето на приватноста на граѓаните, што доведе до сериозно поткопување на довербата на граѓаните. Тој се осврна на искуствата од Македонија, каде се покажа дека кризата може да се надмине само низ заедничка соработка со сите граѓани, организации и политички субјекти и со силна политичка волја да се одделат институциите од партиските влијанија, за да се создадат независни институции што работат исклучуво за граѓанските интереси.

„Како новоизбраната влада, еден од нашите највисоки приоритети е да покажеме подготвеност да слушаме. Ние сакаме да ги слушаме нашите граѓани. Работиме во насока на воспоставување механизми за континуирана консултација со Владата, нашите министерства и агенции. Сакаме да ја смениме културата на комуникација во Македонија“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата на Македонија потсети дека Република Македонија

во 2011 година стана 35. членка на Партнерството за отворена влада и соопшти дека досега има направено три акциски планови. 219 институции, 224 невладини организации, 30 учесници во приватниот сектор, 9 универзитети и 7 дипломатски претставници имаат свој придонес во создавањето на тековниот акционен план за 2016-2018 година.

„Ние покриваме 8 теми, 35 обврски и планираме да постигнеме 100 цели. Посебно внимание обрнуваме на транспарентноста на Буџетот и одговорноста на владините институции, стандардизираните информации за јавните набавки и наративните извештаи за здравствените програми“.

Работната група која врши надзор над спроведувањето на сегашното партнерство за отворена влада 2016-2018, предвидува нови механизми и вклучување на поголем број засегнати страни и останува фокусирана на транспарентност на Буџетот, јавни консултации и технолошки пристап за поголем број граѓани.

“Исто така, сметаме дека е важно целите на Партнерството за отворени влади да се комплементарни со целите на одржливиот развој, што се однесуваат на сиромаштијата, родовата еднаквост, чиста вода и санитација, целно партнерство, климатски активности, мирот, правда и силни институции“, соопшти премиерот Заев.

„Владата донесе одлука дека јавните информации ќе бидат обезбедени дигитално бесплатно. Ова е во согласност со нашиот план за демократски реформи, Планот 3-6-9 и нашата агенда за ЕУ. Граѓаните да можат да пристапат до разни апликации, платформи за е-демократија и платформи за отворени податоци“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев оцени дека собирот на оваа тема на светско ниво, покажува колку државите и раководствата се свесни за значењето на отвореноста на Владата, како што се стреми да работи и Владата на Република Македонија.

Мојата порака денес е да дадеме живот на транспарентноста и на граѓанското учество. Да ја изградиме довербата во Владата и демократијата. Кога сите имаат еднакви шанси слободно да ги искажат своите загрижености и кога тие се сфаќаат сериозно, тогаш ние сме во заедничка и одржлива конекција со нашите граѓани за повторно градење и преиспитување на демократијата заедно.

Третиот национален акционен план на Партнерството за отворени влади ќе промовира поголема отвореност и можности за поблиска соработка со сите засегнати страни. Имаме уште многу пат за поминување, а оваа иницијатива нè одржува фокусирани.

Владите што сакаат да им служат на своите граѓани се отворени. Тие не се кријат. Тие откриваат, размислуваат и создаваат со граѓаните. Треба да ги искористиме постоечките механизми и да создадеме нови за да ги направиме нашите демократии стабилни, порача на крајот од обраќањето на панелот Отворено владино партнерство што се одржа во ОН во Њујорк, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?