ЗАЕВ СТАВИЛ ПОТПИС НА ОСТАВКАТА: Што е следно за техничката влада да почне да работи?
Објавено во: Македонија 03 Јануари, 2020
За да се формира техничка Влада премиерот на државата треба да се повлече од функцијата.
Овој чин, премиерот изјави дека го завршил, односно дека ја потпишал оставката и оти денеска Собранието на седница само ќе ја констатира. Следно потоа е Парламентот да ја избере преодната влада за која рокот е до ноќеска на полноќ.
Премиерот во заминување Заев во емисијата „Утрински брифинг“ кажа дека ова утро во 8,30ч согласно договорот ја потпишал оставката и очекува целиот процес да оди без никакви проблеми.
Ако се случи тоа, веќе од утре со работа почнува техничката влада која ќе треба да ги организира претстојните избори кои би требало да се одржат на 12 април.
Што е следно по оставката на премиерот Заев?
Откако претседателот на Владата ќе даде оставка, формално се известува собранискиот спикер кој свикува седница на која Парламентот истата ја констатира.
Џафери за ова следен го известува шефот на државата , кој треба да му даде мандат на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој од највисоките партиски тела на СДСМ беше предлогот за технички премиер, а за кого има согласност и од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кој потоа ја предложува новата Влада која доколку добие амин од Парламентот тогаш тој состав ќе ја води држават се до изборите.
Техничката влада како концепт беше воведен во земјава како резултат на политичката криза и објавувањето на бомбите во 2015 годна, кога се одржаа предвремени избори.