11 Мај, 2024
0.0242

Заев: Владата ќе посредува во плаќањето на долговите кон ЕВН

Објавено во: Економија 30 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Зоран Заев, премиерот на Македонија, одговараjќи на собраниски прашања, рече дека Владата же посредува како медијатор помеѓу ЕВН и граѓаните за да им го олесни плаќањето на старите долгови за струја од 2006 па наваму..

- Решението на овој проблем ќе биде по примерот на Хрватска и на некои други земји, но сето тоа ќе биде принципиелнно без да се создава лажна мотивација за неплатени нови сметки - рече Заев и најави дека плаќањето ќе се одвива по принцип на компензација.

Тој додаде дека правните тимови ги направиле потребните анализи и дека се работи за огромна неплатена сума од 440 милиони евра, со тоа што тука е вклучена и сумата на тековните сметки.

„Делот на електричната енергија и комуналните услуги кои се испорачуваат се сериозен трошок и долг кои граѓаните го имаат. Се прават анализите колку е тоа возможно некогаш тие или нивните деца да го платат, најголем дел решенијата нѐ водат Владата да изнајде начини, и механизми, и финансии на тие наши сограѓани да им помогнеме. Ние веруваме дека на тој начин парите се враќаат повторно во економијата, еден дел се враќа дури и во Буџетот, но се симнуваат проблеми надвиснати над граѓаните посебно на оние кои се исклучително сиромашни“, рече премиерот.



Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили