10 Мај, 2024
0.1651

Заев за Планот за економски раст: Потенцијални инвеститори, реализирајте го вашиот бизнис план

Објавено во: Економија 27 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев и заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев денеска одржаа прес конференција на којашто го презентираа финализираниот План за економски раст. 

„Ми претставува вистинско задоволство што имам можност да ве информирам дека Планот за економски раст, составен од низа на мерки за поддршка на економијата, е усогласен и финализиран. Овој нов економски концепт беше на увид на јавноста и достапен за коментари, забелешки и предлози повеќе од три месеци. Дебатата беше многу корисна, по што можам да констатирам дека имаме финален документ, сериозен план за раст во кој се интегрирани прифатените забелешки и предлози на експертите и на пошироката јавност. Врз основа на овој документ, Владата ќе изработи и предложи законско решение, кое ќе го уреди начинот на реализација на овој План на системски начин. Очекуваме тоа да биде завршено до крајот на месец февруари. Така, по поднесувањето на завршните сметки, од месец март - април компаниите ќе можат да аплицираат за мерките и придобивките од Планот“ - рече Заев. 

Спроведувањето на Планот за економски раст ќе овозможи одржлив развој на економијата.

„Како што најавивме, од 2018 година започнуваме процес за финансиска стабилизација и развој на економијата, како важни предуслови за подобрување на квалитетот на живот за сите граѓани. За таа цел, со Буџетот за 2018 година определивме 3.1 милијарда денари, односно околу 50 милиони евра, за програмата за економски развој на нашата земја. Тоа претставува 46% повеќе средствата за таа намена во однос на 2017 година. Дополнително, уште една милијарда денари се определени за активните мерки за вработување. Со мерките за поддршка и развој на бизнисот и поттикнување на конкурентноста утврдени во Планот за економски раст планираме да ја раздвижиме економската инвестициона активност. Создаваме здрава економска основа за развој на фирмите, за да бидат конкуренти и на домашниот и на странски пазари. Како резултат на тоа, уверени сме дека проекциите за предвидениот раст на бруто домашниот производ од 3.2% за 2018 година се реални и остварливи“ - вели Заев. 

Мерките во Планот за економски раст се систематизирани во три столба. Гледани во целина, со нив се воведуваат повеќе значајни новини за поддршка на компаниите, што треба да доведат до остварување на зацртаните цели.

Можеби ќе ве интересира

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

ХРВАТИТЕ СО ПОПЛАКИ: Црешите се поскапи од свинско месо

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили