ЗAEВ ЗА ВЕРУШЕВСКИ: Да оставиме второто рочиште да ги каже вистините
Објавено во: Македонија 27 Септември, 2019
Премиерот Зоран Заев во интервју за Гласот на Америка вели дека со своите советници имал разговори на дневна основа, а меѓу нив бил и Зоран Верушевски, кој е негов владин советник. Верушевски во сведочењето рече дека „бомбите“ завршувале во СДСМ, а не кај него, а биле и модифицирани.
„Треба да оставиме второто рочиште да ги каже вистините за ова прашање. Тој во својата разочараност за ова што се случи во Специјалното обвинителство, конвергира на ваквите зборови и употреба. Секако, автентичноста на разговорите никој ја нема оспорено од сите обвинети лица во судот. Форензиката ги потврди разговорите и прво да нема дилема за никој во функција на тоа“, изјави Заев.
Toј очекува дека во октомври ќе се разјасни она што го изнесе Верушевски.
Заев е оптимист дека до 15 октомври, кога се очекува одлука на министрите на ЕУ за доделување датум за преговори за членство во Унијата, ќе биде постигнат договор за јавното обвинителство.