01 Мај, 2024
0.0290

Во четврток од 21:30 часот прва епизода од серијалот за Македонија

“Загрозено мнозинство“ на телевизија Ал Џезеира Балкан

Објавено во: Мои пари 15 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Со почеток од 21:30 часот, овој Четврток (18.05) ќе започне да се емитува новиот документарен серијал на телевизија Ал Џезеира Балкан насловен како Загрозено мнозинство (“Ugrožena većina“).

Политичко-историскиот серијал опфаќа вкупно 6 епизоди кои ќе бидат прикажувани секој четврток во истиот термин (21:30ч.) и во него ќе се бараат одговорите на специфичниот однос помеѓу македонското мнозинство и албанците во Македонија, почнувајќи од самото основање на државата, комунистичкиот период 1944-1990, времето на почетокот на плурализмот, па се до ескалацијата на конфликтот од 2001 и периодот после Охридскиот рамковен договор.

Покрај во редовниот телевизиски термин, епизодите ќе бидат достапни и онлајн веднаш после ТВ премиерата и ќе може да се погледнат на YouTube каналот на Ал Џезеира Балканс (ЛИНК).

Во првата епизода на „Загрозено мнозинство“, се запознаваме со историјата на основањето на Македонија како федерална единица на СФРЈ, Уставот од 1946 година и големото иселување на муслиманите.


Поранешниот политичар и публицист, Алајдин Демири зборува за тогашната ситуација во светот и регионот, за формирањето на Македонија и комунистичката власт. Демири смета дека со доаѓањето на комунистите на власт, почнува и големата чистка на Албанците, кои биле елиминирани од политичкиот живот. 

Поранешниот политичар и историчар проф.др.Владо Поповски, зборува за основањето на АСНОМ и учесниците во неговото заседание, меѓу кои биле и Албанци, Турци и припадници на останатите народи кои живееле во Македонија. Поповски вели дека во Собранието, од вкупно 192 членови, Албанците и Турците имале 21 претставник. Исто така, зборува за актите и Уставот од 1946 година.

Историчарот и архивист, др.Ќерим Лита зборува за положбата на Албанците во тоа време во Македонија. Со архивски документи ја докажува соработката на тогашната комунистичка власт на Албанија и властите на СФРЈ, поточно СРМ. Зборува за масакрите и убиствата на Албанците кои ги извршувале комунистите. Укажува на неправдата направена на Албанците со донесувањето на Уставот од 1946 година. Зборува за нивното иселување и потурчување и изнесува малку познати факти за таканаречениот „Џентлменски договор“ на Јосип Броз Тито и турскиот министер за надворешни работи Фуад Кеприли. Исто така, зборува за улогата на интелектуалците и  улемите во спречувањето на иселувањето.

Професор др. Месут Идриз, директор на Балканскиот истражувачки центар при IUS, вели дека тогашните улеми играле голема улога во спречување на иселувањето. Доказ е и издавањето фетва во која се наведува дека не е дозволено да се напушти татковината. Исто така, смета дека доколку улемите не зазеле таков став, бројот на муслиманите на овие простори сигурно би бил многу помал.

Кога станува збор за иселувањето, академик Ферид Мухиќ вели дека со таквата политика се сакало да се ослободат од сите муслимани, вклучувајќи Албанци, Турци, Бошњаци и Роми. 

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор