01 Мај, 2024
0.0271

Замир Мехмети му стана советник на Љупчо Николовски

Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот новинар Замир Мехмети објави дека е ангажиран како советник на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој наскоро нема повеќе да ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Со задоволство ја прифатив поканата од генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, да се вклучам како советник во неговиот тим кој ќе има задача да го подобри функционирањето и да придонесе за отварање и демократизација на партијата и на општеството во целост.

При моето одлучување, тргнав од премисата дека секоја единка треба да ја прифати одговорноста и своите капацитети максимално да ги вложи за да придонесе во идеите во кои верува. Јас бескомпромисно верувам во концептот “едно општество за сите” и со прифаќањето на оваа понуда ја превземам обврската лично и директно да учествувам во зајакнување, растење и развивање на оваа, за мене, револуционерна идеја“, напиша Мехмети.

Како поранешен активист и член на „Шарената револуција“ додава дека и понатаму останува посветен на принципите за правда, еднаквост и слобода како главни постулати на секое праведно општество.

Пред две години бура во јавноста крена одлуката да биде избран за неизвршен член во одборот на директори на Македонски телеком на предлог од Владата.

На протестите поттикнати од аболицијата на тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов беше познат по боењето на барокните фасади  на државните институции од проектот Скопје 2014. Во една прилика беше задржан во полициска станица.


Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање